во ,

12 Видови токсични луѓе кои ви ја „убиваат“ самодовербата

Постојат и оние луѓе кои се однесуваат како да знаат сè, а токму со ова однесување им наштетуваат на другите.

Бидејќи токсични можат да бидат и луѓето кои изгледаат како најдобри, добро би било да знаете како да ги разликувате.

Луѓе кои секогаш имаат свое мислење

Иако е добро да имате свое мислење и да се држите до него, овие луѓе се однесуваат како нивното мислење да е најважно.

Неретко, овие луѓе даваат совет и мислење дури и кога нема никаква потреба од тоа. Тие ретко размислуваат за туѓите чувства и не им е грижа дали ќе повредат некој со нивните забелешки.

Озборувачи

Одвреме-навреме, сите сакаме да озборуваме, но на овие луѓе најважен им е туѓиот живот.

Проблемот е што постојаното озборување може да биде извор на многу негативност и да ви ја промени перцепцијата кон животот.

Имајте на ум дека личноста која озборува пред вас, најверојатно ве озборува и вам. Па, внимавајте што споделувате со овие луѓе.

Нарциси

Некои луѓе умеат секој разговор да го направат за нив. Овие „нарциси“ сакаат да се во центарот на вниманието, и ќе направат сè за да го постигнат тоа.

Нормално е да сакате да зборувате за себе, но после разговорот со овие луѓе, ќе се чувствувате празно. Тие ќе го занемаруваат она што сте го кажале и ќе го искористат разговорот за да си го „наполнат“ егото.

Емоционални вампири

Дали сте почувствувале дека некој ви ја истрошил целата енергија само со зборување? Овие луѓе се познати како емоционални вампири и најчесто се манипулатори.

Тие се „хранат“ од негативните емоции и лесно можат да ве доминираат. Проблемот е што вие нема воопшто да бидете свесни за ова.

Доколку постојано се чувствувате депресивно и анксиозно после разговорот со некоја личност, можеби треба да ја тргнете од вашиот живот.

Луѓе кои сакаат драма

Овие луѓе се експерти за наоѓање проблеми, дури и онаму каде што ги нема.

Прават вистинска драма и од најмалите проблеми, па навистина е тешко да се справите со нив.

Овие луѓе секогаш ќе ве вовлекуваат во нивните проблеми, па дури и ќе направат да се чувствувате одговорно за нив.

Критичари

Добро е да добиете критика за нешто што правите, но тоа би требало да биде од личност која разбира нешто на таа тема.

Но, критичарите можат да коментираат со часови, дури и за работи кои воопшто не им се познати.

Овие луѓе лесно ќе ви ја разнишаат самодовербата поради нивните „совети“, па најдобро е да не барате мислење од нив.

Луѓе кои сакат да контролираат

Справувањето со овие луѓе може да биде вистински предизвик. Најчесто тие сакаат сè да биде во нивна контрола и можат да направат проблем и од најмалите нешта.

Кога сте со овие луѓе, како да немате избор – или ќе ги слушате, или ќе се справувате со нивниот гнев.

Луѓето кои сакаат да контролираат нема да ви дозволат да се искажете и нема да ви дозволат самите да донесувате одлуки.

Манипулатори

Манипулаторите знаат што точно сакаат и сигурно ќе ги игнорираат вашите потреби за да го добијат тоа.

Ако добро ги анализирате, ќе сфатите дека овие луѓе ретко имаат блиски пријатели, а долгите врски не им се јака страна.

Манипулаторите можат да го искриват секој ваш збор, а можат и да ве натераат да помислите дека сте кажале нешто лудо.

Луѓе кои знаат сè

Некои луѓе едноставно сакаат да покажат дека се подобри и попаметни од сите, па ја користат секоја можност за ова.

Тие постојано имаат нешто да кажат, но не се отворени за нови идеи и не сакаат кога им се спротивставувате.

Овие луѓе можат да ве натераат да поверувате дека не знаете ништо и дека никако не можете да се мерите со нив.

Цинични луѓе

Овие луѓе можат да ви донесат многу негативност. Доколку имате циничен пријател, веројатно сте забележале дека не може да ве поддржи или да биде среќен за вас.

Овие луѓе ќе ве натераат да поверувате дека вашите достигнувања се незначајни и секогаш очекуваат да се однесувате на одреден начин.

Луѓе кои се затвораат

Без разлика што знаат дека комуникацијата е клучна за секоја врска, овие луѓе не сакаат да се согласат со тоа.

Наместо да се соочат со проблемите, тие се затвораат и одбиваат да разговараат. Не знаат како да се справат со нивниот гнев, па неретко се обидуваат да ги казнат оние кои им наштетиле.

Многу често, ова однесување се смета и за емоционално малтретирање. Па доколку си имате работа со ваква личност, најдобро е да се откажете.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 Работи што треба да престанете да ги правите ако сакате побрзо да заштедите

11 Секојдневни проблеми во минатото VS. Во модерно време