во ,

Дете од Црна Гора го насмеа регионот со одговорот како поминало на контролниот тест: „Нека сум јас жив и здрав, тато“

Црногорскиот инфлуенсер и комичар Јован Радуловиќ Јоџир на социјалните мрежи сподели урнебесно видео од одговорот на неговиот син поврзан со контролниот тест кој го имал на училиште.

„Еве го, институција. Имаше контролен тест, сега ќе го слушнеме исходот. Институцијо, влегувај“, вели таткото на видеото.

Него го интересирало дали ги добиле оцените од контролниот тест, на што малиот вели да, а Јован го прашува каква оцена добил.

„Само нека сум јас жив и здрав, тато“, одговара момчето, а неколку моменти подоцна сепак открил дека добил единица.

„Воопшто не е смешно“, му вели тој на татко му додека тој хистерично се смее.

„Како ќе те „подбере“ онаа дома“, рекол Јован мислејќи на својата сопруга Ирена, а малиот само ги спуштил рамената.

„Крал. Те сакам, ќе те бранам“, му кажал тој.

Инаку, Радуловиќ на почетокот на годината се кандидираше за претседател на Црна Гора. Освои 2574 гласа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хероите од нашето детство: Кои македонски актери ги глумеа принцовите, вредните и храбри момчиња во приказните?

Интересен психолошки тест којшто ја одредува вашата ментална зрелост: Дознајте колку години има вашиот мозок