Црногорскиот инфлуенсер и комичар Јован Радуловиќ Јоџир на социјалните мрежи сподели урнебесно видео од одговорот на неговиот син поврзан со контролниот тест кој го имал на училиште.
„Еве го, институција. Имаше контролен тест, сега ќе го слушнеме исходот. Институцијо, влегувај“, вели таткото на видеото.
Него го интересирало дали ги добиле оцените од контролниот тест, на што малиот вели да, а Јован го прашува каква оцена добил.
„Само нека сум јас жив и здрав, тато“, одговара момчето, а неколку моменти подоцна сепак открил дека добил единица.
„Воопшто не е смешно“, му вели тој на татко му додека тој хистерично се смее.
„Како ќе те „подбере“ онаа дома“, рекол Јован мислејќи на својата сопруга Ирена, а малиот само ги спуштил рамената.
„Крал. Те сакам, ќе те бранам“, му кажал тој.
Инаку, Радуловиќ на почетокот на годината се кандидираше за претседател на Црна Гора. Освои 2574 гласа.