во

Правилата треба да се почитуваат: Родители во Љубљана го пријавиле своето дете поради пиротехника, полицијата ги пофалила

Како што пренесува словенечкиот „N1“, родители од Љубљана пронашле пиротехнички средства кај своето дете, кои тоа ги купило без нивно знаење, и самите ја повикале љубљанската полиција.

„Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофалиле од љубљанската полиција, додавајќи дека им биле предадени речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за приватни лица од 26-ти декември до 1-ви јануари, а продажбата од 19-ти до 31-ви декември.

Од полицијата велат дека голем акцент ставаат на превентивните мерки за намалување на употребата или безбедното користење на пиротехничките средства кои ги спроведуваат заедно со училиштата и другите институции.

„Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на таа тема во основните училишта“, велат тие.

Нагласиле и дека родителите имаат важна улога во освестувањето на малолетниците за опасностите од пиротехниката.

„Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички производи“, додаваат од полициската управа Љубљана, пишува „N1 Slovenija“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Емотивна порака од Ѓоковиќ: Јелена беше најдобрата мајка додека јас пишував историја

Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро да готвам јас за да не умреме сите