во ,

6 Работи што треба да престанете да ги правите ако сакате побрзо да заштедите

Постојат луѓе кои се однесуваат одговорно со нивните пари, но постојат и оние кои трошат толку многу, што на крајот од месецот немаат ништо.

Доколку сакате да заштедите некој денар, ова се нештата што треба да престанете да ги правите:

Јадење надвор

Веројатно имате забележано дека јадењето во ресторан е многу поскапо. Па ако сакате да заштедите, ова е првото нешто на коешто треба да обрнете внимание.

Обидете се секогаш да готвите, а на работа можете да понесете оброк и од дома.

Немојте да јадете надвор, освен ако навистина немате друг избор.

Претплаќање на Netflix и слични платформи

Претплаќањето на некои платформи, како YouTube, ќе ве ослободи од рекламите. Но, сигурно можете да поднесете неколку реклами, ако тоа значи дека ќе заштедите.

Истовремено, доколку не ги користите Netflix и сличните платформи често, можеби нема потреба да плаќате ни за оваа услуга.

Лотарија

Давањето пари за лотарија е сосема непотребен трошок. Можеби ви звучи разумно да вложите некој денар, бидејќи не знаете кога ќе добиете нешто.

Но, шансите да добиете нешто се навистина мали, па подобро е да ги заштедите парите, наместо да купувате лоз.

Скапи одмори

Сите сакаат да патуваат, но тоа не значи дека за ова треба да трошите цело богатство.

Секое патување планирајте го паметно. На пример, не закажувајте го првиот хотел што ќе го најдете, туку најевтиниот. Потоа, секогаш постои опција да одите на одмор надвор од сезона, кога можат да бидат дури и двојно пониски.

Доколку немате пари за егзотична дестинација, можете да имате одличен одмор и во соседните држави.

Користење на сите попусти, зделки и слично

Не е важно да купите нешто на попуст, туку да купите нешто што навистина ви треба, по прифатлива цена.

Многу луѓе брзаат да купат нешто кога ќе видат попуст, за подоцна да сфатат дека купиле нешто непотребно.

Членство во теретана

Бидете искрени и кажете колку често го користите членството во теретаната. Доколку не ја посетувате редовно, нема потреба да бидете претплатени.

Доколку, пак, навистина вежбате, можете да заштедите ако го правите тоа дома.

Денес постојат безброј видеа на YouTube што ќе ви помогнат да ја најдете најдобрата рутина за вежбање, и тоа без никаква опрема.

Импулсивно купување

Продавниците користат безброј трикови што ќе ве натераат импулсивно да купите нешто.

Ова купување навистина прави да се чувствувате подобро, но тоа ќе трае навистина кратко. Па, следниот пат, обидете се да се воздржите.

Купување предмети околу касата

Поставувањето предмети околу касата е уште еден трик на продавниците.

Кога чекате ред за плаќање, многу е лесно да додадете уште нешто во вашата кошничка. И во овој случај, обидете се да се воздржите.

Користење предмети за една употреба

Пред сѐ, пластичните чаши и пластичниот прибор за една употреба ја загадуваат околината. Покрај тоа, овие предмети претставуваат непотребен трошок.

Подобро да инвестирате во прибор што ќе ви трае со години, наместо секој ден да купувате нов.

Технологија

Навистина е примамливо да го купите најновиот смартфон, но запрашајте се дали навистина ви треба.

Новата технологија е одличен начин да потрошите повеќе пари, па бидете внимателни.

Доколку вашиот смартфон или кој било електронски уред е во добра состојба, нема потреба да го заменувате со нов.

Книги

Доколку сакате да читате, а немате доволно пари за тоа, секогаш можете да читате електронски книги.

Понекогаш електронските книги се многу поевтини од печатените верзии, а голем број наслови можете да ги најдете и бесплатно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 Илустрации покажуваат кои проблеми кои им се заеднички на сите жени

12 Видови токсични луѓе кои ви ја „убиваат“ самодовербата