во ,

10 „Маки“ кои ги имаме со повозрасните за да научат како да ракуваат со паметен телефон

Денес речиси е реткост некој да нема паметен мобилен телефон или да не користи интернет, а речиси сите помниме како изгледало додека се обидувавме да ги убедиме и да ги наговориме повозрасните, родители, баби и дедовци да користат модерна технологија.

Замислете, кога некои од нив растеле воопшто немале ниту фиксен телефон, а денес им се пласира модерна технологија со која сите информации им се на дофат. На почеток голем дел од возрасните се скептични за користењето на паметните телефони, ги поминувате сите лекции и таман сте помислиле дека веќе нема да имаат проблеми, објавиле нешто што не треба.

Во продолжение десет работи низ кои сите сме поминале додека да ги натераме да си ја „олеснат“ комуникацијата:

Не ми треба мене мобилен, тоа е за млади!

Кога ќе купат мобилен телефон тој треба да биде на безбедно – Им ѕвониш со часови не ти креваат;

Со години ќе ги молиш да им отвориш Фејсбук профил, а откако ќе го откријат не можеш да ги „одлепиш“ од него;

На социјалните мрежи споделуваат фотографии од своите цвеќиња, колачи, торти, баклави, а многу ретко објавуваат сопствени фотографии, освен ако не се од некоја свадба или друг важен настан во животот;

Фејсбук е местото каде можат да видат што прават децата, внуците, роднините…

Најголем дел од информациите ги црпат преку Фејсбук, па ако паднал Фејсбук за нив тоа значи дека нема интернет;

Тешко им паѓа кога треба да почнат да користат некоја нова апликација или социјална мрежа, а да не коментираме доколку се направат некои содржински промени на Фејсбук… Зошто е сега вака? Зошто менуваат?

Не знаат како да прифатат повик на Вибер бидејќи е сосема различно од Месинџер и од обичен телефонски повик;

Не сфаќаат дека долгите разговори на Вибер, Месинџер и Скајп не значат повисоки телефонски сметки;

Кога ќе објават нешто по грешка не знаат како да го избришат;

Која била вашата најинтересна лекција што сте ја поминале? Сте имале ли вакви моменти?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 Работи во домот што гостите веднаш ги забележуваат и не ги забораваат

15 Фотографии прикажуваат работи што се случуваат само еднаш во животот