во

Со години живеел во скриен стан во трговски центар: Никој не го забележал, а потоа го направил овој лош потег и измамата била откриена

Мајкл Таунсенд бил иселен од својот дом бидејќи сопственикот сакал да ја продаде недвижнината, што го довело до ситуација да остане на улица без кров над глава.

Поради тоа дошол до необична идеја да постави камп во празна соба во зграда на еден трговски центар.

Работите брзо излегле од контрола и набрзо собата од 70 квадратни метри била опремена со фотелји и конзоли за видеоигри, а Мајкл ги довел и своите пријатели. Таунсенд, кој е инаку уметник, за првпат го забележал неискористениот простор под трговскиот центар Провиденс Плејс во САД во текот на своето секојдневно трчање во 1999 година.

„Во текот на божиќната сезона 2003 и 2004 година, ентузијастичен женски глас читаше реклама на радио за трговскиот центар Провиденс Плејс, која зборуваше за тоа дека би било одлично кога би можеле да живееме во трговски центар. Централната тема на рекламата беше дека трговскиот центар не само што овозможува богато искуство за купувачите, туку ги поседува и сите нешта кои нѝ се потребни за преживување и здрав живот“, изјавил Мајкл.

Тој и неговите пријатели изградиле ѕид од блокови и помошна врати, а живееле во релативен мир 4 години пред да бидат фатени поради тоа што Мајкл решил да постави дрвени подови и да направи втора спална соба и кујна. По таквиот потег, вработените од обезбедувањето ја пронашле неговата тајна соба.

Таунсенд бил обвинет за нарушување на имот, а инсистирал дека тоа што го направил всушност бил обид предизвикан од „сочувство што подобро да го разбере трговскиот центар и животите на купувачите“.

Судијата му одредил условна казна, но добил доживотна забрана за пристап во трговскиот центар.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Татко војник се враќа дома по 30 дена отсуство и ги изненадува малите синчиња

Најубавиот подарок: По 10 години борба со неплодноста, маж дознава дека ќе стане татко