во

Од дозволено пушење цигари, до задолжително носење маска: Колку се промени летањето со авион, низ фотки

Комерцијалните авионски летови постојат веќе цел век и во тој период се промениле многу нешта.

Додека првите комерцијални авиони немале ни греење, ни звучна изолација, денес авионите се опремени со телевизори и технологија што ги задоволува сите потреби на патниците.

Погледнете колку се променило летањето со авион од 1920-тите до денес:

1920-ти: Овој период се направени првите авиони само за патници, кои биле многу гласни и обично возењето со воз било многу побрзо од летање. Целото искуство било многу непријатно и во авионите било многу студено.

1930-ти: Овој период се појавиле стјуардесите, а авионите станале многу поудобни – имале звучна изолација и греење. Авионите почнале да летаат на поголема висина и патувањето станало многу побрзо.

1940-ти: После Втората светска војна, во САД и Европа останале многу авиони кои бие пренаменети за комерцијални летови, а почнале да се градат аеродроми поблиску до главните градови во Европа, како Heathrow во Лондон.

1950-ти: Овој период се смета за златната ера на летањето со авион, а билетите биле многу скапи. Патувањето со авион било навистина гламурозно – патниците се дотерувале и им служеле скапи пијачки и храна.

1960-ти: Во 60-тите летањето станало честа појава и овој период луѓето можеле да летаат со авион без никаков документ за идентификација. Патниците не обрнувале толку внимание на облеката како претходната деценија, но сепак се средувале за секој лет.

1970-ти: Оваа деценија се појавиле таканаречените џамбо-џет авиони во кои собира многу патници, па летањето станало поевтино. Овој период почнале и безбедносните проверки на патниците.

1980-ти: Летањето било навистина забавно во овој период – во авионите било дозволено пушењето, а патниците слободно можеле да ја посетуваат и пилотската кабина.

1990-ти: Во 90-тите на сите патници им следувале бесплатни алкохолни пијалаци и храна, а некои во некои авиони на седиштата имало и телефон.

2000-ти: После нападите на 9-ти септември, обезбедувањето на аеродромите стана построго. На пример, дотогаш патниците можеа да внесуваат течности, џебни ножиња и многу широка облека. Овој период пилотите почнаа да ги заклучуваат нивните кабини.

2010-ти: Изминативе 10 години авионите станаа посовремени и имаат сè што им е потребно на еден патник во текот на летот. Сепак, сега почнаа да се појавуваат екстра трошоци како, на пример, за повеќе багаж, а и многу често авиокомпанијата не нуди бесплатен оброк.

2020: Како многу нешта, и летањето со авион претрпе драстични промени оваа година. Многу авиокомпании го ограничија бројот на патници во авионот за да им овозможат дистанца на патниците и многу од нив воопшто не служат храна или пијалаци. Истовремено, носењето заштитна маска е задолжително за сите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Луѓе на кои им треба копче рестарт на лошиот ден: „Мислам дека вагата е уморна од моите лоши навики“

Најзначајни фотографии од Земјата направени од вселената – како изгледа нашата планета од далеку?