во ,

Како ќе препознаете Mакедонец на плажа…

1. Стани во 4 наутро и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата – 5 за пешкирот и 3 за апостолките

3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.

4. Книга не смее да се носи, тежи.

5. Ако немаш чадор, намести се така да чадорот на комшиите да те покрива и тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.

6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.

7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги удриш. Да се види кој е алфа-мејл.

10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата

11. Цигарите најубаво се гасат збрцани во песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди

12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање, 5 лежалки подалку од твојата.

13. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!

14. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво.

15. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зошто те бараат дур од Македонија па не се слуша

16. Купачите најубаво се сушат опнати на чадорот горе.

17. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија- кој вика дека не идат риба и баклава?

18. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон на плажа.

19. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.

20. Кога цел хотел ќе си легне, излегуваш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Луѓе со уникатни генетски карактеристики – една бела трепка, чуден облик на бенка

Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда…