во ,

Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда…

Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда на секој кој ќе успее да плива езеро полно со крокодили. Ако некој се обиде, но не успее, неговото семејство ќе добие 3 милиони долари.

Поминало некое време и немало кандидат, сите се мислеле, но никој не се осмелувал да заплива. Наеднаш еден од заинтересираните храбро скокнал и почнал да плива.

Се борел, пливал во секој стил, се трудел со сета сила и на крај целиот искасан одвај успеал да стигне на брегот. И нормално тој налутен почнал да пцуе и прашал:

– Кој ме турна?! Мамицата негова?!!!

Се испоставило дека тоа била неговата сопруга.

Од таму доаѓа поговорката: „Зад секој успешен маж стои жена“!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како ќе препознаете Mакедонец на плажа…

Мажот стрчал кај комшивката и и вика: Брзо жена ми се пораѓа!