во ,

9 Работи што никако не смеете да ги допирате во туѓиот дом

Иако периодов се избегнуваат гости, добро е да се водите по некои принципи и за во иднина – кога одите кај некој на гости, без разлика за колку блиска личност станува збор, мора да почитувате некои правила.

Ако, на пример, домаќинот ве замоли да ги соблечете чевлите, да не пушите во неговиот дом и слично, треба да го послушате. Сепак, вие сте во неговиот дом и ако не ги почитувате неговите правила, тогаш не го почитувате ни него.

Затоа, погледнете кои работи никако не смеете да ги допирате кога сте на гости:

Вратата

Нормално, можете да ја допрете вратата, но не си давајте слобода да отворате ако заѕвони некој.

Истовремено, немојте да влегувате во туѓ дом без да тропнете или да заѕвоните. Уште подобро е ако не се појавувате пред вратата ненајавени или непоканети.

Спалната соба

Освен ако домаќинот не ви рече да влезете во спалната соба, немојте да влегувате внатре. Истото важи и за која било просторија од домот.

Ако станува збор за близок пријател веројатно нема да ви замери, но најдобро е прво да прашате.

Фрижидер и висечки елементи во кујната

Навистина е неучтиво кога сте на гости, сами да си го отворите фрижидерот или висечките елементи во кујната за да најдете нешто за грицкање.

Ако останувате на гости неколку денови по ред, прашајте го домаќинот дали може да го отворате фрижидерот. Во овој случај, осигурете се дека и вие ќе купите дел од храната.

Прозорци, клима, грејни тела

Ако ви е топло, немојте сами да отворате прозорци или да пуштате клима. Замолете го домаќинот да го направи тоа. Истото важи и кога температурите се ниски – немате право вие да ги вклучувате грејните тела во туѓ дом.

Фиоки

Пребарувањето по туѓите фиоки дефинитивно е нарушување на приватноста. Штом домаќинот ставил нешто во фиоката, можеби не сака да го види никој.

Без разлика колкаво е искушението само да ѕирнете внатре, не правете го тоа.

Биро, сметки, пошта

Овде важи истото правило како и за фиоките. Не смеете да отворате туѓи писма или да проверувате туѓи сметки.

Интернет

Освен ако не сте редовен гостин, избегнувајте да ја барате лозинката за интернет. Ако, на пример, ве поканиле на вечера, а вие прво прашувате за лозинка, испраќате порака дека телефонот ви е поважен од дружбата. Секако, ова не важи за кај блиски луѓе, нормално е да ја побарате.

Лаптоп или компјутер

Како што вие не сакате никој да не ви го допира компјутерот без дозвола, истото важи и за другите. Без разлика дали личноста го користи лаптопот за работа или само за забава, во него можеби има доверливи информации или документи што не сака да ги сподели со другите.

Ако навистина ви треба компјутер во тој момент, прво побарајте дозвола. Ако ја добиете, сработете го само она што ви е потребно и не чепкајте по другите фолдери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 Најсмешни реакции на твитерџиите по објавата дека Канје ќе се кандидира за претседател на САД

12 Идеи и дизајни кои го прават држењето на растојание полесно