во ,

8 Навики од младоста што можат да ви наштетат подоцна во животот

Во 20-тите, повеќето луѓе се немарни и не се премногу загрижени за иднината. И ова е сосема нормално.

Но, токму овој период вистински го градиме нашиот карактер и нашите навики, кои подоцна имаат огромно влијание врз животот.

Токму поради ова, некои навики што во младоста ви изгледале безопасни, можат да ви предизвикаат проблем кога ќе стигнете до 30-тата година.

Па, погледнете од кои навики треба да се ослободите навреме:

Трошење на сите ваши пари

До 30-тата година повеќето луѓе имаат добра работа со пристојна плата, но првото нешто што го прават е импулсивно трошење на парите. И тоа за работи што сигурно не можат да си ги дозволат.

На крај завршуваат со куп непотребни предмети и без пари.

Неретко, едвај преживуваат до крајот на месецот, само поради ова импулсивно трошење.

Алтернатива:

Поставете си приоритети и одлучете што ви е најпотребно.

Зарем не е подобро да заштедите некој денар за патување, отколку да си купите уште една чанта или да ручате во скап ресторан?

Паметно организирајте ги финансиите и не дозволувајте си да останете без пари до следната плата.

Следење на модните трендови

Нормално е да сакате да бидете модерни и во тек со сите трендови. Но ако трошите пари за секој нов тренд, можеби е време да го промените ова.

Алтернатива:

Најдете го вашиот личен стил. Наместо да купувате сѐ што сте виделе на интернет, одредете која облека навистина ви се допаѓа, што ви стои најдобро и во што се чувствувате удобно.

Ако сакате да се истакнете, многу повеќе ќе ви помогне личниот стил, отколку слепото следење на трендовите.

Не го проширувате кругот на пријатели

Нормално е да сакате да се дружите со пријателите од детството и од средно, но не значи дека треба да се изолирате од сите други.

Неретко, после средно, пријателите се оддалечуваат едни од други – имаат различни интереси, учат или работат во други градови, основаат семејства… Па, ако избегнувате да запознавате нови луѓе, голема е веројатноста до 30-тите да се чувствувате осамено.

Алтернатива:

Не мора да го прекинете контактот со старите пријатели, но одвреме-навреме дружете се и со други луѓе.

Дружете се со колеги од факултет, од работа, познаници од теретана… И, не грижете се премногу, старите пријатели нема да ви замерат.

Не обрнувате внимание на дневната рутина

Многу е лесно да си легнете во 3 наутро и да спиете до 12 попладне кога сте во 20-тите.

Со возраста доаѓаат и нови обврски, но многу луѓе не сакаат да ја променат дневната рутина за нив. Поради ова, пак, станувањето наутро може да ви биде вистински предизвик, а одењето на работа тортура и постојано ќе се чувствувате уморно.

Алтернатива:

Одредете кои навики ви го уништуваат денот. Ако сериите и социјалните мрежи ве држат будни до доцна, заменете ги со поздрави навики.

На пример, наместо да гледате телевизија, пред спиење читајте книга.

Истовремено, паметно испланирајте си го денот и не дозволувајте да чекате до последниот момент за сѐ.

Очекувате премногу од вашиот метаболизам

Во 20-тите, повеќето луѓе не мора да се трудат премногу за да бидат во добра форма.

Но, не заборавајте дека со текот на времето метаболизмот забавува. Ако постојано се прејадувате, јадете само брза храна и не се движите, во иднина сигурно ќе имате проблеми со дебелина, па дури и со здравјето.

Алтернатива:

Обидете се уште во младоста да воспоставите здрави навики за јадење. Не мора да држите диети, туку најдете неколку здрави оброци што ви се допаѓаат и јадете ги што почесто.

Уште подобро е ако научите да готвите. На овој начин не само што ќе се храните поздраво, туку и ќе заштедите многу пари.

Не сакате да научите да готвите

Ако живеете сами, многу полесно е да си купите хамбургер, наместо да направите нешто.

Но, како што напоменавме, со ова не само што си го уништувате здравјето, туку трошите и многу пари.

Покрај тоа, сигурно не сакате да бидете 30-годишна личност која не знае да направи ни тестенини.

Алтернатива:

Денес можете да најдете безброј едноставни рецепти за кои не ви требаат некои кулинарски вештини.

Покрај тоа, можеби сте одличен готвач и на овој начин ќе најдете и ново хоби.

Ги прескокнувате лекарските прегледи

Ретко која млада личност е навикната редовно да оди на лекар. Веројатно и вие, како повеќето, сметате дека ако не се чувствувате добро, ќе ви помине.

Но ако не сте биле на лекар со години, можеби треба да се проверите.

Алтернатива:

Направете ја грижата за здравјето навика. Барем еднаш годишно правете детален лекарски преглед.

На овој начин, дури и да се појави нешто посериозно, ќе можете да се излечите навреме.

Живеете само во моментот

Во 20-тите е сосема нормално да немате стабилна работа. Но, во 30-тите, ова може да почне да ви претставува проблем.

Добро е да живеете во моментот, но одвреме-навреме треба да размислите и за вашата иднина.

Алтернатива:

Одредете кои се вашите квалитети и што сакате да правите. Одредете во која насока сакате да се движи вашата кариера и фатете се за работа.

Можеби ќе треба да се запишете на факултет, можеби ќе треба да одите на некој курс или да научите некоја нова вештина.

Како и да е, подгответе се за вашата иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 Навидум обични фотографии кои се мини откритија

16 Цртежи за секојдневието со скриена порака, која ќе мора сами да ја одгатнете