во

6 Продукти за убавина од минатото што ги користиме и денес

Не постои жена која не сака да изгледа убаво, а ова важи и за жените кои живееле пред илјадници години.

Денес ни се достапни секакви продукти за убавина – пудри, коректори, кармини, гелови за коса, маскари … на листата навистина ѝ нема крај. Слободно можеме да избираме кои продукти и шминки се најдобри за нас, но во минатото жените го немале овој луксуз.

Модерните продукти што ги користиме главно се измислени во 20-иот век, но речиси сите се инспирирани од нешта што ги користеле жените во минатото.

Погледнете кои продукти за убавина се користеле во минатото, а се користат и денес:

Пудра

Жените отсекогаш сакале да ги прикријат несовршеностите на лицето, па во ренесансата кога немале пудри какви што користиме денес, тие употребувале мешавина од белка од јајца и варовник.

Жените од викторијанската ера избегнувале да користат нападна шминка која најчесто се поврзувала со куртизаните. Сепак, за да ги прикријат несовршеностите на лицето нанесувале крем во кои главните состојки биле вода и масло.

Маски за лице

Жените од древното минато ја знаеле моќта на природните маски за лице уште пред илјадници години. Жените од Индија користеле маска од куркума, оние од Египет правеле маски од глина, а во древен Рим жените нанесувале маслиново масло на лицето. Кон Средниот век, жените почнале да користат маска направена од белки од јајца, во која додавале трошки леб и оцет.

Во 19-иот век, една жена позната како Мадам Роули измислила маска направена од платно која се прицврстува на главата, за која жените верувале дека ќе им ги измазни брчките и порите.

Фарба за коса

Во древен Рим, но и подоцна, жените ја освежувале бојата на косата со к’на, оцет, сок од бобинки и слично.

Во викторијанската ера жените си ставале и сребрен или златен прав на косата за да ѝ дадат сјај. Нормално, ова им било достапно само на девојките од богати семејства.

Надградба за коса

Долгата и густа коса отсекогаш се сметала за симбол за убавина. Можеби денес не ги носиме истите фризури како нив, но денес многу девојки и жени прават надградба на косата исто како и жените од минатото.

Надградувањето на косата го користеле и жените од древниот свет, и жените во ренесансата. Тогаш прамените биле изработувани само од природа коса.

Продукти за обликување коса

Спреј за коса, восок, гел – овие продукти се појавија дури во 20-иот век. Но, не значи дека дотогаш луѓето не ја обликувале нивната коса. На пример, древните Грци користеле маслиново масло со кое ја обликувале косата и ја правеле сјајна.

Во 19-иот век, пак, жените користеле течност направена од вода од рози и семки од дуња, која им помагала да ја обликуваат косата и да ја прицврстат фризурата, како што правиме ние со денешните лакови за коса.

Шминки

Уште во древните времиња жените ги нагласувале веѓите со јаглен, к’на и слично. Во викторијанската ера некои жени ги крателе трепките, бидејќи сметале дека така ќе им пораснат погусти. Истиот период е направена и можеби првата маскара, од вазелин и јаглен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Од диети до операција на желудникот: Неверојатните трансформации на славните кои драстично ослабеа

Од стари сијалици – нови лампиони: 18 идеи за новогодишна работилница