Вицевите секогаш се одличен начин за разубавување на денот.
Неколку вицови што слатко ќе ве насмеат:
1. Перица ја прашува мајка си:
„Мамо дали навистина кога некои луѓе ќе умрат се претвораат во прашина?“
„Да, сине.“
„Па, мамо, мислам дека некој умрел под мојот кревет.“
2. Свекрвата не ја сакала баш новата снаа, па на венчавката ѝ кажала:
„Знаеш ќерко, таа венчаница што си ја одбрала не ти е нешто посебно убава.“
„Ако, следниот пат ќе биде поубава“, ѝ одговорила таа.
3. Разговараат две русокоси:
„И сега кажи ми што да му кажам јас на него?“
„Па, кажи му ја вистината!“
„Каква вистина?“
„Па, од каде да знам јас, смисли нешто.“
4. Таткото на Перица го вози Перица покрај неговото училиште и му вели:
„Сине, во твоево училиште одев и јас пред 20 години.“
Перица му одговара:
„Ооо, па сега ми е јасно зошто учителката вели дека таков мајмун како мене не видела 20 години.“
5. Се нашле две русокоси и разговараат:
„Дали знаеш дека Нова година се паѓа точно во петок“.
Другата ѝ вели:
„Ох, се надевам дека не е петок 13-ти.“