во ,

16 Луѓе кои сакале добра тетоважа, ама имале змија во џебот

Ако сакате да ви направат ремек-дело кое ќе биде исто како сликата што ќе му ја покажете на артистот, мора да бидете подготвени да платите поголема сума.

Можете да одите и кај некој што ќе ви ја направи тетоважата за трипати пониска цена, но тогаш треба да бидете подготвени на сè.

А, ова најдобро го докажуваат смешните фотки во продолжение:

„Мојот волк… и неговото колаче“

„Пред четири години му дозволив на тато да ми направи тетоважа. Изгледа имал проблеми со видот“

Кога сакате евтина тетоважа…

„Кога имаш девет обиди да нацрташ круг и не успеваш ниту еднаш“

„Си ја направив првата тетоважа. Мислам дека е слатка, но искрено имам измешани емоции“

„Тетоважата што ми ја направи ’артист‘ од родниот град“

„Сам си го нацртав дезенот за тетоважата и ми значи многу. Но, тату артистот си направи негова евтина верзија“

„Пријателот си направи тетоважа во домот на негов сосед. Кажете ако сте заинтересирани и вие“

„Мојата засрамувачка тетоважа, направена пред 10 години во кујна. Сега имам подобри, но веројатно нема да ѝ направам ништо на оваа“

„Направив тетоважа во чест на мојот омилен спорт и мојот омилен фотограф“

„Мојата пред и потоа споредба докажува дека има надеж и за лошите тетоважи“

„Каква птица е ова?“

„Си ја направив оваа ужасна тетоважа со Пикачу. Артистот направи грешка на окото, па му реков да му го покрие“

„Колегата заслужува награда за најлоша тетоважа“

„Мојата прва тетоважа од пред 15 години. Ако сум објективен – ужасна е, но ја сакам“

„Пегите требаше да бидат кафеави, но сега се црвени. Пробувам да се убедам дека ќе ја сменат бојата кога ќе зарасне тетоважата“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Пати кога луѓето сакале да заштедат на добар мајстор и катастрофално згрешиле

12 Пати кога онлајн шопингот преминал во тотално фијаско