во

15 Луѓе споделуваат фрустрирачки незгоди од нивните домови: Скршена врата од фрижидер, заборавен прозорец во зима

Речиси ништо не може да ви го расипе денот како неочекуван проблем во домот. Без разлика дали се скршило нешто големо, случајно сте го офарбале подот со бојата за врата или нешто сосема друго, факт е дека овие ситуации секогаш ќе ве изнервираат.

На секој од нас му се случило нешто вакво барем еднаш, а бидејќи овие ситуации се толку чести, на Редит има и форум само за нив.

Овде луѓето споделуваат фотки од незгодите што им се случиле во домот, а кога ќе ги погледнете, веројатно и вие барем малку ќе се исфрустрирате.

Во продолжение погледнете дел од најпопуларните фотки што ги споделиле корисниците:

„Сопругата си купи ново цвеќе во саксија и го стави на сталажата над тоалетната школка. Еден час подоцна слушнавме силно тропање…“

„Реновиравме дома, но кога мајсторите ги фарбаа вратите, заборавиле да го покријат подот за да го заштитат“

Направи сам идеите на Инстаграм ми изгледаа интересно за време на карантинот“

„Наместо средство што го поттикнува растот на тревата, сум купил средство за уништување“

„Еве што ќе се случи ако реновирате и случајно срушите еден од носечките столбови“

„Ми паднаа сите шкафови во кујната, и тоа во 4 наутро“

„Како изгледа кога ќе ви експлодира стакленото лавабо во 3 часот наутро“

„Станав среде ноќ бидејќи бев жеден. Кога го отворив фрижидерот, целата врата ми остана во раката“

„Сакав да направам отвор на вратата за мачката. По грешка, ја направив на горната страна“

„Кога живеете во еден од најстудените градови во Норвешка и ќе заборавите да го затворите прозорецот“

„Очигледно, не секој може да биде водоинсталатер“

„Се лизнав во кадата, ’слетав‘ на тоалетната школка“

„Заборавивме да го исклучиме вентилот за вода во викендичката пред да почне зимата“

„Сопругата ми рече да ја измерам вратата, а јас ѝ реков дека сите врати се со иста големина…“

„Ја скршив кваката од влезната врата и се исеков. Исто така, го заборавив клучот и не можам никако да влезам дома“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 Ситуации кои ни одат на нерви исто колку кога ќе згазиме на ЛЕГО коцка со боса нога

„Каде да си ги ставам нозете“ и уште 13 фото докази за маките на високите луѓе