во

Физичар објавил фотографија од парче колбас и напишал дека е најблиска ѕвезда до Сонцето, а потоа се извинил

Францускиот физичар Етјен Клајн упати извинување откако призна дека фотографијата од ѕвездата „Proxima Centauri“, која пред неколку дена ја објави на својот Твитер профил, е всушност фотографија од парче колбас.

„Фотографија од „Proxima Centauri“, најблиската ѕвезда до Сонцето која е оддалечена од нас 4,2 светлосни години“, напиша Клајн заедно со фотографија од ѕвезда, односно колбас. Тој додаде дека фотографијата е направена од телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА, а го пофали и нивото на детали кои можат да се видат.

„Ден по ден се открива нов свет“, заклучил физичарот.

Луѓето на Твитер во главно сфатиле дека станува збор за шега, но истата не им се допаднала на сите.

„Со оглед на тоа што сте научник и истражувач и знаете со каква брзина се шират лажните информации, несоодветно е да споделувате вакви работи без веднаш да напоменете дека се лажни“, напишал еден корисник.

„Да научиме да бидеме претпазливи“

Поттикнат од коментарите и прозивките, Клајн упатил извинување.

„Со оглед на некои коментари се чувствувам должен да објаснам дека твитот кој прикажува наводна слика од „Proxima Centauri“ беше форма на забава. Да научиме да бидеме претпазливи кон аргументите на авторитетот, како и кон спонтаната елоквентност на одредени слики“, напишал физичарот.

Со шеговит тон додал дека, според современата космологија, ниту една работа која постои во месарниците не постои никаде освен на Земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 Кул трендови од раните 2000-ти кои се враќаат на голема врата

Најубавата плажа на Закинтос претворена во депонија: „Што ве тера да ја уништите?“