во ,

Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…

Директорот излегува од работа на пладне… На вилата со секретарката… Коњак. Бонбони. Заеднички туш. И после… Безумие… Жестоко…

Вечерта се враќа дома. Уморен поглед. Обичен бакнеж. И молба кон сопругата:

– Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…

Жената оди во кујната. Кременадли. Пиво. Десерт. Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.

Жената вели:

– Цел ден го чекам овој момент… Одвај дочекав да си дојдеш…

И наеднаш – СМС. Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот. Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:

„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам… Таква сласт и задоволство… Не ли е тоа Рајот?“

Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли: „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да
разбере.“

А жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:

– Зошто го зеде мојот телефон…?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку килограми си бил најтежок до сеа?

Господине Трпе, тоа е невероватно како успеате, у шо е тајната….