Позитивните вести можат да ја зајакнат нашата надеж и да им пружат поддршка на сите кои се борат против коронавирусот во секој поглед. Ние сме заедно во ова и заедно ќе решиме сè.
А, доколку ви е преку глава од лошите вести, нашиот совет е да го посетите “The Happy Broadcast”, сајт кој настанал како одговор на омразата и стравот со кој секојдневно се бориме.
Мауро Гати е италијански уметник кој живее во Лос Анџелес и чии цртежи ги красат позитивни вести. Илустрациите се противотров на мракот кој ја прекри планетата и барем на кратко нѝ овозможуваат да побегнеме од реалноста.
“The Happy Broadcast”, помеѓу останатото се фокусира и на вестите и природата како што е враќањето на морските желки кои на бреговите во Индија положиле 60 милиони јајца.
Сега е вистински момент убавите вести да се шират многу повеќе отколку претходно бидејќи постојано сме на интернет во карантин. Станавме зависни од социјалните мрежи и постојано сме во потрага по нешто што ќе нѝ го олесни престојот во изолација. Лажните вести и дезинформации се во тренд повеќе од некогаш, во распон од ненаучно втемелени здравствени совети до неточни податоци за жртвите. Затоа не мора постојано да барате информации – нека капетан Том Мур ви биде пример дека сè е возможно доколку верувате.
Капетанот Том Мур, 99-годишен британски ветеран, собрал повеќе од 22 милиони долари за “NHS” со пешачење на 100 круга околу неговата градина.
ЛЕГО ги модифицираше своите машини за производство на заштитни визири за здравствени работници и произведуваат повеќе од 13.000 на ден.
Експертите сметаат дека карантинот ќе доведе до најголем пад на емисија на јаглерод диоксид од Втората светска војна.
Хероите се помеѓу над – 4.500 пензионирани лекари и медицински сестри за само 48 часа се вратиле во болниците во Велика Британија за да помогнат во борбата со пандемијата.
Две панди од зоолошката градина во Хонг Конг со години се обидувале да се парат, но не можеле поради посетителите. Сега, кога зоолошката градина е затворена, тие конечно успеале – честитки!
Шенжен е првиот кинески град кој забрани продажба и консумација на кучиња и мачки со нов историски закон.