во

На најбогатиот човек во светот во 1970 му го киднапирале внукот, а тој одбил да плати! Еве и зошто!

Џон Пол Гети (1892-1976) познати и како Стариот Џон, бил америакнски милијардер кој сепак најмногу останал запаметен по тоа што одбил да плати 17 милиони долари за ослободување на својот внук.

Џон Пол Гети Третиот имал 16 години кога во 1973 година бил киднапиран во Рим.

Неговиот дедо во тоа време бил најбогатиот човек во светот. Пет пати се женил и имал бројни љубовници.

Својот внук Џон Пол Третиот го запознал кога тој имал 11 години и повторно го сретнал четири години подоцна. Дедо му не бил воодушевен со внукот кој водел боемски живот.

Во време на кидпанирањето тинејџерот работел како сликар во Рим. Свесни за богатството на неговото семејство, медиумите го нарекле „Златен хипик“.

Тинејџерот купувал стрипови кога тројца мажи го удриле со пиштол во глава и го киднапирале.

Го одвеле во една пештера на југот на земјата и го повикале неговото семсјтво од кога побарале 17 милиони долари. Гети најпрвин мислеле дека тинејџерот сака да им подметне измама и да им земе пари.

Стариот Џон во медиумите рекол дека не верува дека ќе им плати на киднаперите.

 

– Имам уште 14 внуци и ако сега дадам макар едно пети, тогаш ќе имам 14 киднапирани внуци, рекол тој.

По три месеци тишина, киднаперите отсекле уво од тинејџерот и го испратиле во Рим.

Неговата мајка Гејл по пегите го препознала увото на својот син. Меѓутоа, Стариот Џон и натаму не сакал да плати откуп, по што Гејл започнала да ги моли другите да го направат тоа.

На крајот стариот милијардер попуштил, па семејството преговарало со киднаперите и им исплатиле 2,2 милиони долари.

Тинејџерот бил пуштен на слобода пет месеци по киднапирањето.

Девет години подоцна тој се предозирал со метадон и валиум, по што останал засекогаш парализиран. Џон Пол Трети починал во 2011 година на 54-годишна возраст.

Семејството Гети и денес е „тешко“ неколку милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Лекарскиот извештај од болницата кој го насмеа целиот Балкан

Починала на 135 години и важеше за еден од најстарите луѓе во светот, но Гинис не ја прифатил