во

Му кажале дека ќе изгледа попривлечно доколку се фотографира со филтери, а тој буквално го сфатил тоа…

Глен Ембри стана ѕвезда на социјалните мрежи поради своето толкување на фотографиите со филтери.

Имено, на Глен му кажале дека тој ќе биде попопуларен помеѓу жените и дека тие ќе го сметаат за поатрактивен доколку објавува фотографии со филтери. Глен одлучил да го послуша ваквиот совет (а воедно и да се пошегува) и навистина објавил фотографии со разни филтери – односно, фотографии на кои држи разни филтери. 

Somebody said the ladies will find me a lot more attractive if I post pictures with filters. I have some doubts but what do I know, right? So here goes. Man my phones probably gonna really blow up.

Posted by Glenn Embrey on Friday, May 8, 2020

Фотографиите собрале дури 39 илјади лајкови и повеќе од 10 илјади коментари, а истите се споделени 118 илјади пати. Се чини дека оној кој му го дал советот сепак бил во право.

“Некој ми кажа дека жените ќе ме сметаат за поатрактивен доколку објавам фотографии со филтери. Сомнително ми е, но што знам јас, нели? Па, еве. Човеку, мобилниот телефон веројатно ќе ми ѕвони како луд”, напишал Ембри под серијата фотографии кои го насмеаја светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Наводно само 1% од луѓето можат да ја решат оваа задача: Како со три топки да го добиете бројот 30?

Свештеник ги прскал верниците со пиштолче со света вода, интернетот не престанува да прави шеги на негова сметка