во ,

Момче, да ми кажеш кога ќе стигнеме во Велес!

Една баба седнува зад возачот на автобусот од Скопје за Битола и му вели:

– Момче, да ми кажеш кога ќе стигнеме во Велес!

– Немај гајле бабо, ќе ти кажам!

Автобусот возел, возел, стигнал речиси до Прилеп, кога бабата пак го прашува возачот:

– Момче, уште многу ли има до Велес?

Возачот сфаќа што направил, размислува брзо, како да ја остави бабата сама толку далеку, го врти автобусот и вози назад. Вози 50 минути и конечно, со брзање стигнува во Велес.

– Еве го Велес бабо, стигнавме. Ајде симнувај се!

– Ама јас не сум за Велес!

– Што???

– Ќерка ми ми рече да го испијам апчето кога ќе стигнеме во Велес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ајде кажете сега, кој од вас го тепа жена му?

Женo, кажаа на вести, ќе давале по 10.000 евра на семејство со три деца….