во

Многу си ослабнал Славе. Што е ова коски и кожа си се направил !? И крвта ти е слаба….


– Многу си ослабнал Славе. Што е ова коски и кожа си се направил !? И крвта ти е слаба.

– Што да правам докторе 40 кг. ослабнав и уште слабеaм…

– Па добро бе Славе ти јадеш ли?

– Јадам докторе.

– А што јадеш?


– Се јадам докторе се.

– Овошjе јадеш ли ?

– Јадам докторе како не. Јадам банани, киви, ананас и авокадо јадам, а за јаболки, крушки, праски, кајсии ич да не зборам.

– Добро. А зеленчук јадеш ли ?

– Јадам докторе, јадам. Јадам пиперки, патлиџани, компири, грав, леќа, лук, зелка јадам, штавел, марула, се јадам се се се.

– А млеко пиеш ли?

– Пијам докторе, и кисело млеко јадам, и јогурт пијам, сирење и кашкавал јадам, и кајмак јадам ама и павлака кркам.

– А месо? Месо јадеш ли?

– Јадам докторе како не.

– Какво месо јадеш?

– Секакво докторе. Свинско, јагнешко, јарешко, говедско, кокошки, риба. Печено, пржено, варено, динстано…

Секакво.


– Па добро бе Славе, се јадеш а слабеш, како може?!

– Е докторе у оваа наша вукојебина се може.

– Ама се јадеш…

– Е се јадам докторе ама НЕМАМ ПАРИ ДА СИ КУПАМ ЈАДЕЊЕ… А ИНАКУ СЕ ЈАДАМ!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сопругот и вели на сопругата…

Трговска куќа распишала оглас за вработување на продавачи. Јавиле се многу луѓе и идат…