во

Забавни и во деветтата деценија од животот: Пар кој има перална создава комбинации со напуштената облека на клиенти

Забавен пар од Тајван покажува дека може да се има одлично чувство за стил и во деветтата деценија од животот.

84-годишната Шо-Ер и 83-годишниот Ванѓи, кои поседуваат перална, создаваат модни комбинации со облеката која нивните клиенти ја однеле на перење и никогаш не ја зеле. Харизматичното дуо позира пред фотоапаратот на внукот, кој е основач на профилот „WANT SHOW as young“.

За помалку од еден месец, тие им го имаат привлечено вниманието на речиси 100 илјади обожаватели.

„Ако останеме млади во срцето, можеме да изгледаме модерно дури и кога ќе остариме. Изненадени сме и цениме што толку многу луѓе ги сакаат Ванѓи и Шо-Ер. Се надеваме дека на сите ќе им шириме повеќе и повеќе позитивна енергија“ – вели внукот, кој смета дека секој може да изгледа модерно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Татко создава животни според детските цртежи со помош на Фотошоп, резултатот ќе ве насмее

10 илустрации кои се доказ дека вистинските задоволства во животот се бесплатни