„Кога ќе се вклучи – во Кина чувствуваат вибрација“, „Се слушаше и кога ќе ја изгасиш“ – се сеќавате ли на неуништливата правосмукалка на Слобода?
Легендарната правосмукалка на Sloboda Čačak беше дел од секој дом во поранешна Југославија, а нејзиниот квалитет е докажан, па многу домаќинки и ден-денес не се откажуваат од овој уред.
Оние кои ја имале оваа правосмукалка, знаат дека беше толку моќна, што го вшмукуваше тепихот, а многумина би рекле дека дури го подигнува и подот, па токму затоа и не можат да се откажат од својата „стара љубов“ и не се препуштаат на модерната технологија.
Дизајнот никогаш нема да го заборавиме, а силната бучава што ја создаваше при работа како уште да ни „зуи“ во ушите.
Правосмукалката на Слобода дефинитивно е безвременски и неуштлив уред за кој уште долго ќе се зборува, а твитерџиите често знаат да ја спомнат на шеговит начин.
Ko se sjeća ovog tajfuna star je ko Mezapotamija. pic.twitter.com/LWV0J5x6Q1
— Lažni Walter (@theSkroz) August 7, 2020
Во продолжение погледнете некои постари, но смешни твитови кои ќе ве вратат во времето – какви се импресиите на твитерџиите за легендарната правосмукалка?
„Кога ќе го вклучиме, соседството мисли дека има напад од воздух, па залегнува“
„Кога ќе се вклучи – во Кина чувствуваат вибрација.“
„Го влече тепихот, го подигнува паркетот, се регистрира сеизмолошка активност во квартот…“
„Јас уште имам траги од цревото по грбот“
„Тоа беше мојата Слобода-Чачак правосмукалка. Кога ќе му подиви цревото како анаконда, го собира папагалот, паприкашот од маса и протезата на баба!“
„Јас кога ќе ja видам цела се стресувам, мирниот викенд се претвора во тајфунски немир.“
„Се слушаше и кога ќе ја изгасиш.“
„Корнеше пломби од умници. Кога ќе ja вклучиме, нема улични мачки и кучиња барем 3 дена.“
„Кога сакаме да исчистиме прашина, ама баш темелно, кучето го носиме на шетање, мачето го затвораме кај соседите, рибите ги покриваме со ќебе, ги тргаме овие модерните (со хепа и воден филтер), ја земаме Слобода К700 и го згужвуваме ламинатот, го одлепуваме паркетот. После неа не ги переме теписите!“
„Правосмукалката Слобода, звук како МИГ-21, вшмукува вода, алкохол, што и да пројде низ цревото. Рокот на траење ѝ е 100 години ако ја чуваш на отворено. Моќна машина.“
„Кој немал ваква правосмукалка, не знае како да си на 10 метри од авион што полетува.“