во ,

Господине Трпе, тоа е невероватно како успеате, у шо е тајната….

Трпе и Трпана слават 30 годишнина од бракот, а биле познати не само у Кавадарци, туку и у цела Македонија и у регионот, каа пар, шо у 30 години брак ниеднаш се немале скарано…


И на годишнин’та, од цела Македонија, море и пошироко, дошле новинарски и ТВ екипи, да дознаат у шо е тајната на толку успешниот брак…

Еден новинар го прашуе Трпе…

-Господине Трпе, тоа е невероватно како успеате, у шо е тајната….

Трпе а зима чаш’та со ракија, а маа на екс, се навалуе напред, и а почнуе прикаската…


-Каа се земе со Трпана, отидоме у Шпанија на меден месец и у аранжманот имаше една ден јаање на коњи…

Ги јаанаме тоа коњите, мене ми се погоди еден мирен и кроток коњ, а на ваа мојта ептен не мирен…

И каа шо јааме, виа нејзиниот изгледа се исплаши од нешто, и а исфрли од седлото, Трпана стана, а истреси прашин’та, го погали нежно коњот, и со благ глас му речи…

-Воа ти е прв пат…

Го јаана она и продолжиме, после некое време, виа па трзна и па а исфрли Трпана од седлото, стана она, го погали по грбот, и па му речи;

-Воа ти е втор пат…

Е по трет пат каа а исфрли од седлото, Трпана се исправи, го извади пиштолот, и му го истреска на коњот меѓу очи…

А ја изненаден и се издра…

-Пи*ка ти материна селска, салам ли си, знајш ли колку кошта еден ваков коњ…

Она се заврти, ме погледна нежно, и со најмил глас ми се обрати…

-Трпе, воа ти е прв пат……

И тоа е тоа, од тоги се неаме скарано и у се се слагаме…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…

Докторе, имам сè, бизнис, пари, куќа, јахта, но жена ми не може да забремени…