„Бракот треба да се потпишува на 10 години, исто како возачка дозвола. Па, потоа ако сакаш, ја продолжуваш“. Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствена сметка или пак сакате да потенцирате зошто не сакате да стапите во брак?
Речиси секој пар може се нашол во некоја ситуација и може да се препознае во некоја од овие шеги.
Запомнете, целта ни е само добро да се насмееме и да се пошегуваме.
1. Бракот треба да се потпишува на 10 години, исто како возачка дозвола. Па, потоа ако сакаш, ја продолжуваш.
2. Младоженци, кога ќе стапите во брак запомнете дека при секоја расправа со сопругата треба да ги имате последните зборови кои гласат: „Да, душо!“
3. Бракот е како да одиш во ресторан. Го нарачуваш тоа што го сакаш, а потоа ќе видиш што нарачал другиот и посакуваш да не си избрзал со нарачката.
4. Кога некој новопечен младоженец изгледа среќно, сите знаат зошто е така. Кога некој по 10 години брак изгледа среќно, сите се прашуваат зошто е така.
5. Тајната за среќниот брак, останува најголема тајна.
6. Кои се најважните зборови за успешна и среќна врска? „Извини“ и „Ти си во право“…
7. Бракот е исто како да си ги избришал сите апликации на телефонот, освен една.
8. Мажот ја прашува жената:
– Зошто постојано ја гледаш венчаницата?
– Барам каде е рокот на траење…
9. Секогаш кога жена ми ќе ми спакува салата за на работа, се прашувам што сум згрешил.
10. Бракот е како видео игра. Почнува лесно, па потоа станува потешко и на крај одиш на интернет и наоѓаш начин како да „се извлечеш“.
11. Единственото дете што никогаш нема да порасне и да си замине е сопругот.
12. Детето го прашува таткото:
– Тато колку чини да се ожениш?
– Не знам сине, уште плаќам на рати.
13. Расправијата со сопругата е како кога се обидуваш да ги прочиташ „Условите за користење“ на компјутерска програма. Прескокнуваш до крај и само кликаш: „Се согласувам“;
14. Жена ми вели дека никогаш не ја слушам… Или така нешто…
15. Бракот е како сапун. Мириса прекрасно, сѐ додека не го пробаш…
16. Жените стапуваат во брак затоа што веруваат дека тој ќе се промени. Мажите стапуваат во брак затоа што веруваат дека таа нема да се промени. И двајцата се лажат.
17. Тоа што го земав презимето на сопругот не значи дека не сум феминистка. Само не сакам никој од средно училиште да знае каде сум и што правам;
18. Кога мажот ѝ отвора врата на жената од автомобилот, тоа значи дека или автомобилот е нов, или жената е нова.
19. Сопругата ми даде комплимент: Ми рече дека сѐ што ќе ми каже, знам да го свртам во своја корист.
20. Секој сопруг знае дека е полесно да се извиниш, отколку да бараш одобрение.