Jaпонија има свои уникатни правила за функционирање и изуми кои ги нема во другите делови од светот.
Јапонците постојано смислуваат нови модерни технологии за да си го олеснат животот.
Интересни јапонски изуми:
Плетени чорапи за ногарки од столици и маси за да се заштити подот од гребење и да нема врева.

Засекување на млекото горе за луѓето со оштетен вид полесно да го препознаат, да не земат по грешка јогурт или чоколадно млеко.

Автоматско отворање на задните врати во такси возилата.

Ленти за загревање и ладење, кои штом ја допрат кожата се случува реакција и ефектите траат од 15 минути до 8 часа и се безопасни.

Новогодишна елка која може да биде наместена за една секунда.
https://www.instagram.com/p/BrjdDghnrAQ/?utm_source=ig_embed
Долна облека за една употреба и освежителни марамчиња за деновите кога ќе заглавите некаде неочекувано.

За да купите автомобил мора прво да ѝ докажете на полицијата дека имате паркинг место, па многу луѓе поради ова користат јавен превоз.

Гуми за џвакање со колаген кои прават вашата кожа да изгледа младешки и здраво.

Пред да дојде зимата гранките на старите дрвја им е врзуваат за да бидат заштитени од тешките снежни наноси.
https://www.instagram.com/p/Bq4qs6yhlwD/?utm_source=ig_embed
Автобуските станици се одделени со стакло од патот, па на овој начин луѓето што чекаат се заштитени од нечистотијата, а се намалува и вревата од автомобилите.

Во поевтините хотели има машина преку која може да платите за хотелската соба и воопшто да немате контакт со рецепционерот.

Џиновска четка за заби што ротира и со која можете беспрекорно да го исчистите домот, особено ако имате дамки.

Родителите на своите деца им купуваат еко пријателски играчки, наместо пластични и токсични.

Влажните чадори се ставаат во специјална футрола која ја апсорбира влагата.

Тоалетна хартија со дезени за оние кои сакаат да се забавуваат во тоалетот.

Јакни кои можете да ги носите како ранец кога ќе ви стане топло.

Тушеви кои имаат специјални таблети за отстранување на бигорот од водата.


