во ,

14 Смешни знаци дека сте типичен Македонец

Земаш плата 20.000 денари, а живееш како да земаш 120.000. Можеш да седиш во кафеана подолго од едно работно време. Сметаш дека секогаш е добро време за ракија.

Ние дефинитивно сме народ што умее да ужива во животот и тоа ни е главно мото.

Сепак, на моменти знаеме да потфрлиме во одредени аспекти, како сообраќајната култура на пример.

Ајде да се пошегуваме на дел од своите навики.

Дали си типичен Македонец?

– Се плашиш од промаја.

– Сушиш гаќи на жица на тераса.

– Земаш плата 20.000 денари, а живееш како да земаш 120.000.

– Можеш да седиш во кафеана подолго од едно работно време.

– Сметаш дека секогаш е добро време за ракија.

– На ден пиеш минимум 3 кафиња.

– Со едно кафе седиш 2 часа во кафуле.

– Сметаш дека си експерт за сè.

– Зборуваш доволно гласно да те чујат преку 3 маси во локалот кадешто седиш.

– Кога мислиш на детство, мислиш на сендвич со ајвар и сирење.

– Живееш со родителите до 30+.

– Пцуеш кога возиш и сметаш дека сите останати учесници на сообраќајот се неспособни.

– Трубиш на свирката без прекин, сите треба да знаат дека си нервозен, без разлика кој дел од денот е.

– Во недела наутро пушташ правосмукалка, па што има врска ако спијат другите станари во зградата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Фотографии од родители кои сигурно имаат полош ден од вас

16 Катастрофални фризури што ќе ги полудат искусните фризери