во , ,

Ѕирнете во затворениот музеј со најлошите восочни фигури – има ли некој што личи на себе?

Музеите со восочни фигури се одличен начин да ги погледнете вашите најголеми идоли одблиску и, нормално, да направите селфи со нив.

Мадам Тисо е ваков музеј со можеби најдобра репутација, а повеќето тамошни фигури ве тераат да помислите дека ќе оживеат во секој момент.

Но, не сите музеи со восочни фигури можат да се пофалат со истиот квалитет. Во Норфолк се наоѓа музејот Луј Тисо (Louis Tussaud’s House of Wax), чии фигури се ужасни, ако не и застрашувачки.

Музејот го добил името по пра-внукот на Мадам Тисо и, за жал, беше затворен во 2012-та година, после 57 години работење.

Сопствениците Џејн и Питер Хајес ги продале фигурите на колекционер од Чешка, но неговиот идентитет е непознат.

Според изјава на Питер од 2008-ма, фигурите изгледале ужасно бидејќи се премногу стари, а изработката на секоја од нив чинела околу 1.245 долари.

Интересно е што музејот си има голем број фанови, кои биле навистина тажни за неговото затворање, па дури и го нарекуваат „изгубено нациоинално богатство“.

И ние ќе немаме можност да ги видиме фигурите во живо, но кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе сфатите дека и тие се сосема доволно:

Роуан Аткинсон

Мусолини

Дејвид и Викторија Бекам

Кралицата Елизабета

Принцот Вилијам

Елвис Присли

Мајкл Џексон

Кајли Миног

Маргарет Тачер

Шон Конери

Адолф Хитлер

Бој Џорџ

Принцезата Дијана

Принцот Чарлс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 Женски заповеди кои жената не треба да ги заборави во ниту еден миг

Хеланки, бисери, пердуви… Мажите порано биле подотерани од жените