во , ,

Како изгледаат секојдневните предмети во споредба со највисокиот човек на планетата кој има 251 сантиметар?

Султан Косен од Турција има 251 сантиметар и важи за највисокиот жив човек на планетата. Покрај тоа, тој ги има и најголемите дланки во светот, а со цел да ни покаже колку е всушност висок, решил да позира со неколку секојдневни предмети, кои во споредба со него изгледаат минијатурно.

Највисокиот човек во историјата на човештвото е Роберт Вадлоу од САД кој, за жал, починал во 1940-та на 22-годишна возраст. Роберт имал неверојатни 272 сантиметри и досега никој го нема срушено неговиот рекорд.

Според Гинисовата книга на рекорди, моментално највисокиот човек во светот е 38-годишниот Султан Косен од Турција. Султан беше прогласен за највисокиот човек во светот во 2009-та, а кога го измериле последен пат, во 2018 година, се утврдило дека има 251 сантиметар.

Покрај неговата висина, Султан го држи рекордот и за најголемите дланки на жива личност. Неговите дланки, мерени од зглобот до врвот на средниот прст, имаат должина од 28,5 сантиметри.

Кога слушаме само бројки, обично ни е тешко да си претставиме за колкава големина всушност станува збор, па затоа Султан низ годините направил неколку фотографии на кои позира до секојдневни предмети, со цел да ни даде подобра перспектива.

Па, погледнете како изгледаат секојдневните предмети во споредба со Султан:

Пиење сок од лименка

Обично лименките се долги околу 11 сантиметри, но во дланките на Султан изгледаат минијатурно.

Стоење на автобуска станица

Султан не само што е повисок од станицата, туку изгледа како да може да ѕирне и низ прозорците на вториот кат од автобусот.

Седење на двосед

Луѓето со просечна висина би можеле и да легнат на двосед малку ако ги соберат нозете, но Султан тешко дека ќе го изведе тоа. Тој открива дека неретко му е тешко да се смести удобно во стол или двосед со вообичаена големина, бидејќи се премногу ниски за него.

Стоење до телефонска говорница

Црвените телефонски говорници кои се препознатливи за Англија се високи околу 243 сантиметри и луѓето можат да стојат исправено во нив. Но, не и Султан.

Играње кошарка

Султан воопшто не мора да скока за да даде кош – доволно е само да ја подаде раката.

Во тинејџерските години, тој сакал да игра кошарка, дури и професионално, но не можел бидејќи бил премногу висок. Сепак, одвреме-навреме тој наоѓа време за партија со пријателите.

Стоење до такси

Од фотографијата е јасно дека Султан сигурно не се чувствува удобно кога се вози во такси со просечна големина.

Стоење до маж со просечна висина

Оваа споредба најдобро ќе ви ја прикаже висината на Султан. Според Гинис, кога првпат ја мереле неговата висина, мажот што го мерел морал да се поткачи на скала.

Султан вели дека со неговата висина доаѓаат многу предизвици, но си има и добри страни. На пример, тој на шега изјави дека е експерт за закачување завеси и менување сијалици.

Истовремено, 38-годишниот маж е свесен дека привлекува многу внимание, но секогаш со задоволство одговара на прашањата на другите.

„Научив да живеам со фактот дека сум поразличен од другите, но и ми годи вниманието. Ми се допаѓа кога другите сакаат да се фотографираат со мене. Сите сме различни, но на крај, сите сме луѓе“, вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Паркирајте на осветлено место и уште 8 совети што ќе ви помогнат да се чувствувате побезбедно

10 Фотографии докажуваат дека постојат два различни типа на луѓе во светот