во ,

Паркирајте на осветлено место и уште 8 совети што ќе ви помогнат да се чувствувате побезбедно

Никој не сака да помисли дека некогаш може да биде нападнат, но секогаш е добро да бидете подготвени, дури и ако има многу мали шанси да се случи нешто такво.

Бидејќи никогаш не можете да предвидите кога ќе се најдете во опасна ситуација, добро би било секојпат да земате предвид некои работи, особено ако сте жена.

Иако, не посакуваме никому да затреба, сепак, и кај нас се случуваат вакви нешта, па затоа погледнете неколку совети што ќе ви помогнат да се подготвите и да се чувствувате побезбдено во некои ситуации:

Држете се понастрана од ѕидови

Ако се движите сами, особено навечер, обидете се да одите подалеку од ѕидовите. Во случај да бидете нападнати, на овој начин ќе имате поголем простор за движење, а со тоа и поголема шанса да избегате.

Не го паркирајте автомобилот свртен кон ѕид

Можеби паркирањето „во рикверц“ ќе ви одземе минута-две повеќе, но вака ќе имате можност веднаш да избегате со автомобилот ако сметате дека сте во опасност.

Внимавајте каде паркирате

Иако денес е предизвик да најдете добро место за паркирање, вреди да одвоите уште неколку минути за да најдете безбеден паркинг. Избегнувајте да го паркирате автомобилот во тесни и непрегледни улички, а ако е ноќ, потрудете се да најдете паркинг на осветлено место.

Ако се сомневате, добро проверете го автомобилот

Ако чувствувате дека сте во опасност, пред да влезете во автомобилот добро проверете го пред да влезете. Проверете ја внатрешноста преку прозорците без да ја отворате вратата, а за да бидете најсигурни, проверете и под автомобилот.

Можете да го користите блицот од телефонот, но корисна е и батериска ламба

Ако знаете дека треба да поминете низ темно место, блицот од телефонот ќе ви заврши работа, но уште подобро ако понесете батериска ламба, иако знаеме дека ретко кој го чува тоа во чантата.

Најпрво, батериската ламба нема да им биде привлечна на крадците како телефонот, а во случај некој да ве нападне, можете да ја искористите да се одбраните.

Ако некој ве нападне, без разлика дали користите блиц или ламба, имајте на ум дека можете да го заслепите напаѓачот со светлината, а ова ќе ви даде време да избегате.

Ако сте во хотел, замолете ги рецепционерите да не го кажуваат бројот на вашата соба

Ако отседнувате сами во хотел, замолете го рецепционерот да не го кажува бројот на вашата соба на глас. Исто така, нагласете му да не открива во која соба сте ако некој го праша.

Блокирајте ја влезната врата

За да се чувствувате најбезбедно, кога сте сами во хотелска соба блокирајте ја влезната врата додека спиете или се бањате. Ако ви е страв, без разлика од која причина, најдобро е врата постојано да биде блокирана додека сте во собата.

Стоење во лифт

Ако се чувствувате несигурно кога сте во лифт со странец, немојте да му вртите грб. На овој начин ќе можете да го следите неговото движење и навреме да реагирате ако се случи нешто.

Исто така, најдобро е да стоите до копчињата – ако почувствувате опасност, притиснете што е можно повеќе копчиња, па лифтот ќе застане на следниот кат и ќе можете да излезете.

Седење во јавен превоз

Ако се возите во автобус навечер и се чувствувате несигурно, најдобро е да не седнувате до прозорецот, за да можете веднаш да станете ако некој ве вознемирува. Исто така, најдобро е да седите во близина на шоферот, кој сигурно ќе ви помогне ако некој ве вознемирува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Луѓе кои сфатиле дека животот е еден и треба да живеат така како што сакаат

Како изгледаат секојдневните предмети во споредба со највисокиот човек на планетата кој има 251 сантиметар?