Девојка од Велика Британија по име Рејчел Кенеди пополнила лото ливче и ги погодила добитните броеви, но не ја добила наградата од 200 милиони евра бидејќи не го уплатила своето ливче.
Рејчел е во љубовна врска со две години постариот Лијам Мекрохан и тие со недели наназад редовно играле лото и секогаш ги бирале истите броеви.
Рејчел преку апликацијата добила нотификација дека има победничко ливче. После тоа, таа и Лијам се обратиле во лотаријата „EuroMilions“. Компанијата им ги соопштила трагичните вести – и покрај добитната комбинација, тие не ја освоиле наградата од 182 милиони фунти, пренесува порталот „CDM“.
„Ги имате вистинските броеви, но немавте доволно средства на сметката да го уплатите ливчето и вашата уплата не помина“, рекле од „EuroMilions“.
When your Mrs decides to not play the EuroMillons… and all 7 of her usual numbers come up😭😭£182M pic.twitter.com/3iXMo38wQG
— Liam M (@LiamMccrohan) March 1, 2021
Рејчел и Лијам останале шокирани. Рејчел преку апликацијата од која автоматски се повлекуваат пари за уплата обично ги уплаќала своите ливчиња. Овој пат трансакцијата не поминала, а Рејчел не проверила дали е ливчето уплатено, па поради тоа останала без наградата.
Нејзиното момче Лијам на својот профил на Твитер напишал дека двајцата веќе почнале да мечтаат за патувања и нова куќа, а потоа дошла информацијата која тотално ги шокирала.