во

„Дали е Метју во ред?“ – По новото видео на „Friends“ твитерџиите загрижени за актерот и неговата борба со зависностите

„Само што го гледав видеото и не можам да си поверувам како изгледа Метју Пери, сериозно ми се крши срцето“, беше еден од коментарите. Колку се променети актерите, кој според вас старее „најдобро“?

Фановите на култната серија „Friends“ се воодушевени поради тоа што Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиса Кудроу и Мет Лебланк позираа заедно и преку фотки и видео најавија што нè очекува во епизодата „Friends: The Reunion“, која ќе се емитува на 27 мај.

Но, фановите на серијата изразија загриженост поради изгледот на Метју Пери.

Не може, а да не се забележи дека 51-годишниот актер се издвојува со изгледот додека седи со групата.

Годините најмногу се одразиле на него и на Мет Лебланк, но сепак Мет изгледа поздраво, има подобра кожа и посјајна насмевка, коментираат фановите на Твитер.

„Само што го гледав видеото и не можам да си поверувам како изгледа Метју Пери, сериозно ми се крши срцето“, беше еден од коментарите.

„Само што го гледав ексклузивното видео со актерите од Friends и времето било немилосрдно кон Метју, се надевам дека е во ред. Леле колку ги сакам!“

„Кога Метју Пери слушнал дека ќе има средба на Friends, мислел дека ќе се сретне со неговите пријатели корисници на кокаин.“

„Ајде да не го користиме обединувањето на Friends за да го исмевавме начинот на кој Метју Пери изгледа денес. Луѓето стареат, зошто се чудите.“

„Метју помина МНОГУ од 2004 година, имајте почит и не му судете. Навистина не мислам дека исмевањето на Метју е забавно.“

Друг потсети дека изгледот на Метју е последица на борбата со зависностите за која Метју отворено говореше во 2016 година.

Тој изјави: „Не се сеќавам на 3 години од шоуто. Некаде помеѓу сезона 3 и сезона 6. Малку не бев при чиста свест“.

Проблемите со зависност на актерот почнале откако доживеал несреќа за време на скијање. Поради повредите, тој примал лекови против болка и набрзо станал зависен од нив. Потоа се бореше и со зависноста од алкохол.

Инаку, неодамна актерот се сврши со 29-годишната девојка Моли Хурвиц.

На Твитер се коментираше и изгледот на другите ѕвезди. За Џенифер Анистон велат дека воопшто не се променила и е речиси идентична, но за Лиса Кудроу велат дека е најприродна, без корекции на себе, и дека достојно и убаво старее, додека Џенифер и Кортни Кокс најверојатно имале корекции на носот и ботокс.

Официјалниот трејлер:

Интервјуто на актерите, во кое изгледот на Метју поттикна загриженост кај фановите:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

„Дали некој може да лета бесплатно со тебе?“– Стјуардеса одговара на најчестите прашања за нејзината работа

Уметник од Франција ги пополнува дупките на градбите и улиците низ Лион со шарени мозаици