во

„Дали некој може да лета бесплатно со тебе?“– Стјуардеса одговара на најчестите прашања за нејзината работа

Ако сте личност која сака да патува, сигурно барем еднаш сте помислиле на тоа да изградите кариера како стјуардеса. Всушност, ова неретко ни изгледа како совршеното работно место – бесплатни летови, патувања до сите места на светот, а за сето тоа добивате и плата.

Но, работата на стјуардесите е далеку од лесна и си носи безброј предизвици. Стјуардесите се постојано во движење и ова може да има влијание врз приватниот живот.

Неретко работат на многу долги летови кои сигурно се истоштувачки и секојпат мораат да имаат спакуван куфер.

Бидејќи е факт дека не знаеме малку за оваа професија, стјуардесата Али Рае Кејс направила неколку видеа на TikTok, во кои ги одговара најчестите прашања за стјуардесите.

Во продолжение погледнете дел од одговорите:

Дали некогаш ти е страв од турбуленциите?

Мислам дека веќе сум навикната на тоа, но еден забавен факт – во предниот дел од авионот турбуленцијата се чувствува многу помалку отколку во задниот дел.

Дали некој може да лета бесплатно со тебе?

Да, можете да одберете сопруг, роднина, најдобар пријател и да патувате низ светот.

Дали треба да делиш соба во хотел со другите стјуардеси?

Не, само по една стјуардеса во соба.

Дали мажите можат да бидат стјуардеси?

Да.

Дали стјуардесите навистина летаат бесплатно?

Да. Домашните летови се 100% бесплатни. За интернационалните плаќам само данок за државата што ја напуштам.

Дали е вистина дека стјуардесите се платени само откако ќе се затвори вратата на авионот?

Да, штом вратата се затвора, ни почнуваат работните часови, а штом ќе се отвори ни прекинуваат. Па, вашата стјуардеса не е платена за време на сместувањето на патниците и нивното излегување од авионот.

Дали секогаш леташ со истите луѓе?

Речиси никогаш.

Дали стјуардесите ја јадат храната на авионот?

Постојано.

Продолжува на следната страница…

Дали стјуардесите можат спијат за време на долги летови?

Да, имаме посебно место за екипажот каде што можеме да спиеме.

Дали секогаш имаш спакуван куфер?

Да, секогаш.

Дали хотелите ти се бесплатни додека работиш?

Да!

Дали имаш поминато тренинг за прва помош?

Да.

Дали секогаш ги леташ истите рути?

Никогаш.

Како изгледа да си во врска со стјуардеса?

Патуваме многу често.

Обично по колку стјуардеси работат на еден лет?

Просекот е четири. Но некогаш можат да бидат од една, па сè до десет.

Дали членовите на екипажот се дружат додека одмараат и чекаат лет?

Некогаш да, некогаш не. Зависи.

Обично по колку летови имаш во еден ден?

Некогаш еден, некогаш два, три, четири…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Митови за тоа како да се реагира во опасна ситуација и што да направите наместо нив

„Дали е Метју во ред?“ – По новото видео на „Friends“ твитерџиите загрижени за актерот и неговата борба со зависностите