во

9 Разлики помеѓу мажите и жените и зошто воопшто постојат

Во продолжение 9 разлики помеѓу мажите и жените и зошто воопшто постојат:

Должина на прстите

Според истражување од 2011 година, сосема возможно е нивото на одредени хормони во нашиот организам да има влијание врз должината на прстите.

Истражувањето, спроведено на стаорци, покажало дека пред раѓање, естрогенот и тестостеронот имаат контрола врз гените кои ја одредуваат должината на прстите.

Истражувачите сметаат дека токму ова е причината зошто повеќето мажи имаат подолг среден прст од показалецот, додека кај жените, разликата во должината е значително помала.

Нормално, генетиката е мошне комплицирана наука и јасно е дека не сите мажи и жени имаат исти дланки, но експертите се колку-толку сигурни дека машките и женските хормони имаат влијание врз должината на прстите.

Кожа

Во анализа на 57 истражувања, експертите заклучиле дека постојат некои разлики помеѓу кожата на мажите и кожата на жените.

Според анализата, кожата на мажите е похидрирана и подебела. Исто така, кај мажите почесто се јавува пигментација на кожата.

Од друга страна, жените имаат похидрирана кожа само на дланките и деколтето, но и рН вредноста на нивната кожа е повисока.

Се верува дека тестостеронот е одговорен за генерално подобрите карактеристики на машката кожа.

Млечни жлезди

Знаевте ли дека и мажите имаат млечни жлезди, но тие не можат да „се активираат“ како кај жените?

Причината за мажите и нивните млечни жлезди се фазите на ембрионалниот развој. Односно, по зачнувањето, одреден период фестусот нема никаков пол.

Но, овој период почнуваат да се оформуваат брадавиците и млечните жлезди.

До шестата или седмата недела, хромозомите одредуваат дали детето ќе биде родено машко или женско.

Ако е машко, почнуваат да се развиваат машките полови органи, но нема и да се доразвијат млечните жлезди.

Ако е женско, почнуваат да се развиваат женските полови органи, како и млечните жлезди.

Интересно е што постои состојба која може да предизвика течење на млеко од машките млечни жлезди.

Состојбата позната како galactorrhea се карактеризира со недостаток од хормонот тестостерон. Недостатокот може да предизвика и други симптоми, како еректилна дисфункција и намалено либидо.

Вид

Веројатно во секоја земја постои шега дека жените знаат сто, а мажите само 5-6 бои.

Изгледа треба да престанеме да се шегуваме за ова бидејќи мажите навистина не можат да разликуваат ист број бои како жените.

Според истражување, жените подобро разликуваат бои, додека мажите подобро забележуваат работи што се движат, но и подобро забележуваат детали на далечина.

Се верува дека ова потекнува од нашите предци од периодот кога ловеле и собирале храна.

Бидејќи мажите биле физички посилни, обично тие ловеле, па овие карактеристики им биле од корист.

Жените, од друга страна, собирале храна, како печурки и плодови, па од корист им било да можат да разликуваат повеќе бои.

Сепак, засега ова е само теорија, но за многу експерти „држи вода“.

Мускулна маса

За мажите е многу полесно да додадат мускулна маса за разлика од жените.

Причината за ова е хормонот тестостерон кој е одговорен за зголемување на мускулната маса.

Бидејќи жените имаат помалку тестостерон во телото од мажите, потребно им е повеќе време да напраат мускули со вежбање.

Паѓање на косата

Паѓањето на косата е многу почесто кај мажите отколку кај жените. Иако со годините и косата на жените се проретчува, ќелавоста е многу почеста кај мажите.

Покрај тоа, кај мажите ќелавоста може да се појави и пред 40-тиот роденден, додека кај жените ова е случај само ако имаат некое нарушување, како алопеција.

Познато е дека во повеќето случаи, ќелавоста кај мажите е наследна. Односно, ако во семејството на мажот има многу ќелави мажи, голема е веројатноста и тој да ја изгуби косата.

Истовремено, се верува дека ќелавоста кај мажите настанува поради високото ниво на тестостерон.

Се верува и дека паѓањето на косата кај жените може да биде генетско (доколку не станува збор за одредено нарушување). Овојпат „виновникот“ најверојатно е зголеменото ниво на андрогени – машки хормони кои ги има во помало количество и кај жените.

Адамово јаболко

И мажите и жените имаат Адамово јаболко, но кај мажите е многу поизразено.

Адамовото јаболко е составен дел од гркланот и служи како негов штитник. Овој дел од телото ги штити и гласните жици.

Адамовото јаболко е изразено само кај мажите бидејќи кај нив гркланот е поголем. Поголемиот грклан, пак, објаснува зошто мажите имаат подлабоки и посилни гласови од жените.

Големина на мозокот

Во просек, машкиот мозок е за околу 10% поголем од женскиот. Но, ова не значи дека мажите се поинтелигентни бидејќи големината нема поврзаност со когнитивните способности.

Од друга страна, жените имаат повеќе сива мозочна маса за разлика од мажите, а постојат и некои разлики во конекциите на мозокот.

Овие разлики имаат влијание врз начинот на размислување кај мажите и жените. Односно, според истражувањата, ова објаснува зошто, во просек, жените се подобри за мултитаскинг, додека мажите се подобри кога се фокусираат на една задача.

Се верува и дека овие разлики се причина зошто обично жените се посклони кон анксиозност и депресија.

Брада

На мажите им расте брада бидејќи фоликулите на нивната вилица се стимулирани од хормон кој потекнува од тестостеронот.

И жените имаат фоликули на лицето, но се помалку чувствителни на овој хормон. Покрај тоа, тие имаат и пониско ниво на тестостерон од мажите.

Но, веројатно се прашувате зошто воопшто мажите имаат брада.

Експертите уште немаат одговор на ова прашање, но имаат неколку претпоставки од еволуциска гледна точка.

На пример, можеби порано нашите женски предци ја гледале брадата како сигнал за маж со повеќе тестостерон кој би можел да ги одбрани и да се грижи за нив и децата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Чудни фобии од кои најчесто страдаат мажите

Вирално видео: Крадец на брендирани чанти се удри во стакло во обид да побегне – веднаш беше уапсен