во , ,

9 Навики на Италијанките поради кои важат за совршени жени

Некои од навиките на Италијанките ги имаат и Maкедонките, но има и работи кои можеме да ги научиме од нив…

Навиките на Италијанките:

Се задоволуваат со помалку

Се држат до минимализмот, не купуваат премногу и немаат огромни гардеробери, туку само квалитетни парчиња кои вистински им се потребни.

Не ги кријат емоциите

Тие зборуваат гласно, не се срамат да ги изразат емоцииите и да го споделат мислењето. Веруваат дека треба да бидат отворени и за време на разговорите гестикулираат и не се плашат да го допрат соговорникот.

Здравјето им е на прво место

Од мали потези како носење марама или шал кога е студено до редовни лекарски прегледи, кога станува збор за здравјето Италијанките се држат до она „подобро да се спречи, отколку да се лечи“.

Ја ценат врската со својата мајка

За нив семејството секогаш е на прво место, блиски се со својата мајка и не прифаќаат партнер кој не ја цени.

Не пропуштаат пригода за да блеснат

Тие сакаат дружби, социјализација, прошетки и совршен изглед. Секогаш сакаат да изгледаат стилски и да добијат признание за изгледот од другите.

Сакаат мажи со стил

Без разлика дали станува збор за обична маица или за класичен изглед со одело, тие сакаат кога мажот е среден и внимава на деталите, како што се чорапите на пример.

Не се брзаат да се омажат

Просечната возраст на која Италијанките стапуваат во брак е 32.8 години. Тие не се мажат само затоа што општеството очекува такво нешто од нив, туку се мажат кога ќе ја пронајдат вистинската личност. Плус, се фокусирани на кариерата и себереализацијата.

Секогаш се самоуверени

Тие имаат самоуверен став и секогаш цврсто веруваат во тоа што го зборуваат. Ги слушаат советите на другите луѓе, но добро анализираат дали да се водат од нив.

Знаат како да се релаксираат

Си даваат миг за да гледаат од прозорецот и да си ги средат мислите, плус секогаш одвојуваат време за шолја квалитетно кафе во мир и тишина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако некогаш сте посакале да проживеете еден ден како ликовите од „The Office“, сега го можете тоа

Ретро табла со прекинувачи за тоалет – ја имавме во речиси сите домови во Македонија