во

8 Животни кои изгледаат слатко и мирно, но можат да бидат многу опасни

Елените, видрите и делфините можеби изгледаат како питоми суштества, но не треба да заборавиме дека тие сепак се диви животни кои без двоумење ќе ве нападнат ако сметаат дека се во опасност.

Денес постојат безброј видеа на кои гледаме како луѓе комуницираат и имаат интеракција со секакви животни. Поради ова, некогаш нивниот изглед нè лаже и сметаме дека се безопасни.

Но, постојат многу животи кои, без разлика колку слатко и мило ни изгледаат, можат да ни предизвикаат повреди кои некогаш се и фатални.

Кои навидум мирни животни се всушност многу опасни?

Клунар

Клунарите се можеби најнеобичните суштества во животинскиот свет и изгледаат како склоп на неколку различни животни. Тие се цицачи и нивното тело е покриено со крзно, но имаат и клун, како и нозе што наликуваат на перки.

Иако изгледаат навистина слатко, овие животни можат да бидат навистина опасни.

Клунарите се едни од ретките цицачи кои имаат отров. Мажјаците имаат еден вид канџи на нивните задни нозе кои се поврзани со жлезда која лачи отров.

Експертите забележале дека жлездата лачи повеќе отров во сезоната за парење, па претпоставуваат дека овој дел од телото им служи за одбрана од други мажјаци.

Иако овој отров не е смртоносен за луѓето, може да предизвика големи отоци и неподнослива болка.

Елен

Елените се прекрасни животни и генерално не се агресивни. Но, тие можат да бидат многу опасни благодарение на нивните раскошни рогови.

Исто така, тие можат да ви предизвикаат сериозни повреди ако ве удрат со нозете.

Елените можат да нападнат ако се исплашени, провоцирани или ако сметаат дека нивните малечки се во опасност.

Видра

Видрите се интересни животни и ако сте погледнале само едно видео со нив, знаете дека можат да бидат многу забавни. Тие сакаат да скокаат и да си играат, што ги прави уште послатки.

Но сепак, видрите се диви, месојадни животни кои можат да нападнат ако се чувствуваат загрозено, па не е препорачливо да ги задевате.

Иако се мали, видрите имаат силно тело, како и остри заби и канџи со кои можат да ви нанесат сериозни повреди.

Кенгур

Кенгурите можеби нема да ве нападнат сами од себе, но ако им се приближите, особено на единки кои не се навикнати на луѓе, ќе се ставите во сериозна опасност.

Неретко, нивните напади можат да бидат фатални.

Кенгурите се особено опасни во неколку ситуации – ако е сезона на парење, доминантните мажјаци можат да ги перципираат луѓето како закана и да ги нападнат.

Женките, пак, се многу заштитнички настроени кон нивните малечки и без двоумење ќе нападнат човек ако им се приближи.

Кенгурите се големи и многу силни животни, па нивниот удар може дури и да скрши коски. Тие имаат и канџи со кои можат да нанесат сериозни повреди.

Ракун

Ракуните се срамежливи и обично бегаат кога ќе видат луѓе. Сепак, како повеќето диви животни, можат да нападнат ако сметаат дека се во опасност.

Можеби нападот од ракун нема да биде фатален за човек, но нивните канџи и заби можат да нанесат сериозни повреди.

Истовремено, ракуните се преносители на опасни болести, како беснило, кои можат да создадат дополнителни проблеми.

Па, немојте никако да им е приближувате на слатките ракуни, дури и ако изгледаат пријателски настроени.

Мрзливец

Мрзливците изгледаат како најбезопасните животни, но ни тие нема да се двоумат дали да ве нападнат ако ги провоцирате или исплашите.

Мрзливците напаѓаат со нивните огромни канџи кои можат да предизвикаат сериозни повреди. Кога се во опаност, знаат да ги искористат и нивните заби.

Слично како ракуните, и овие животни се преносители на болести кои се опасни за луѓето.

Дабар

Со мекото крзно и уникатните опашки, дабарите се едни од најслатките животни.

По природа се мирни и нема да ве нападнат ако не ги задевате. Но, ако почувствуваат опасност, нормално дека ќе се бранат.

Дабарите имаат многу остри заби со кои можат да нанесат сериозни повреди што лесно можат да се инфицираат. И овие животни се преносители на болести кои се многу опасни за луѓето.

Делфин

Не ги споредувајте дивите делфини со оние кои го поминале животот во заробеништво во водните паркови и се дресирани.

Овие животи се многу интелигентни и затоа се експлоатирани, но во нивното природно живеалиште можат да бидат многу опасни.

Делфините се предатори и можат да покажат агресија без навидум никаква причина – и кон луѓе, и кон други делфини.

Нивното тело е силно и ако сакаат лесно можат да ве одвлечат под вода. Истовремено, ако ве каснат, дефинитивно ќе се соочите со сериозни повреди.

Делфин

Не ги споредувајте дивите делфини со оние кои го поминале животот во заробеништво во водните паркови и се дресирани.

Овие животи се многу интелигентни и затоа се експлоатирани, но во нивното природно живеалиште можат да бидат многу опасни.

Делфините се предатори и можат да покажат агресија без навидум никаква причина – и кон луѓе, и кон други делфини.

Нивното тело е силно и ако сакаат лесно можат да ве одвлечат под вода. Истовремено, ако ве каснат, дефинитивно ќе се соочите со сериозни повреди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Фотографии од бизарните риби и суштества што ги наоѓаат во длабочината на океаните

Теоријата на Ајнштајн за среќа ќе ви го смени гледиштето кон животот – како да ви се случи баш тоа што навистина го сакате?