во

20 Фотографии од бизарните риби и суштества што ги наоѓаат во длабочината на океаните

Фотографиите на Роман од Русија се одличен доказ дека не можеме ни да замислиме што сè се крие во длабочинате на океаните кои уште се недостижни за нас.

Роман Федорцов е фотограф и рибар од Русија кој најголемиот дел од времето го минува на брод за ловење риба.

Бидејќи Роман и неговиот тим ловат риба од огромни длабочини, во нивната мрежа неретко се заплеткуваат најчудните риби и водни животни кои повеќе изгледаат како суштества од некој хорор-филм.

Факт е дека ние „обичните“ луѓе никогаш би немале можност да ги видиме овие суштества, но Роман ги фотографира сите, а потоа ги споделува на неговиот Инстаграм профил.

Досега тој има над 600.000 следбеници со кои редовно ги споделува бизарните суштества што ги наоѓа во водата.

На сите ни е познато дека околу 70% од земјината површина е прекриена со вода и факт е дека поголемиот дел од морињата и океаните сè уште се недостижни за нас.

Ова значи дека во нивните длабочини се кријат суштества какви што не можеме ни да замислиме.

Во продолжение дел од најчудните суштества што ги нашол рускиот рибар и фотограф:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Секојдневни „необјасниви“ фотки кои ќе измамат насмевка на вашето лице

8 Животни кои изгледаат слатко и мирно, но можат да бидат многу опасни