во ,

8 Суптилни знаци во говорот на телото кои откриваат дека не го привлекувате соговорникот

Речиси никој директно нема да ви каже дека не му се допаѓате, но неговото тело знае да го издаде овој непријатен факт. Ваше е да научите како да го „прочитате.“

Што прават луѓето кога разговараат со некој кој не им се допаѓа, независно дали станува збор за (потенцијален) партнер, пријател, колега или познаник?

1. Незаинтересирано го чешаат или допираат вратот.

2. Ги притискаат усните кога се незадоволни од ситуацијата во која се наоѓаат.

3. Одржуваат физичка дистанца и избегнуваат директен контакт, дури и во облик на неочекуван допир.

4. Се смеат со устата, но не и со очите. Кога човекот искрено се смее, целата фацијална експресија се затегнува. Кога тоа го прави „вештачки“ – само усните се мрдаат.

5. Избегнуваат контакт со очите.

6. Ги држат стапалата во спротивна насока од соговорникот.

7. Даваат кратки одговори кои не оставаат простор за дискусија.

8. Цврсто се држат за столчето на кое седат и делуваат како во секој момент да сакаат да побегнат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Наивни прашања со кои ненамерно ги повредуваме луѓето

26 Фотографии прикажуваат како изгледаат типичните домови ширум светот