во

8 причини зошто Џејсон Момоа е можеби најсовршениот маж на светот

Додека шансите да го најдеш совршениот маж за тебе можеби се доста мали (1 во 285000), Џејсон Момоа е жив доказ дека совршените мажи навистина постојат. Од поседување на тело на грчки бог до тоа да се биде најголемиот обожавател и поддржувач на својата сопруга, Момоа е вистинската комбинација на сладок и згоден.

Еве зошто речиси сите веруваат дека тој е најсовршениот маж во светот:

1. Тој го поправи првиот автомобил на неговата сопруга, стар неколку децении

Ако сте обожавател на Момоа, тогаш веќе најверојатно знаете дека актерот е лудо заљубен во неговата сопруга. Пред некое време, ја изненади Лиса со тоа што го поправи нејзиниот прв автомобил. Му беа потребни неверојатни 14 години да го поправи Мустангот од 1965 година, којшто Лиса го доби кога имаше 17 години.

2. Одвојува време за да ја возврати љубовта што ја добива

И покрај неговиот зафатен распоред со снимање на филмови, Џејсон наоѓа начин да подели насмевки онаму каде што најмногу се потребни. Момоа одвои слободно време од снимањето на Аквамен 2 и посети детската болница. Таму се запозна со болни дечиња и нивните семејства и притоа се фотографираше со истите.

3. Не дозволува неговите несовршености да го спречат

Иако неговите обожаватели го сметаат неговиот белег на окото, како супер-атрактивен, позади истиот има трагична приказна. Во 2008, Џејсон беше нападнат во бар со стаклено шише. Правеше пластична операција и се здоби со 140 шевови.

4. Не му пречи да работи напорно

За да ја добие улогата во Игра на Тронови, Џејсон толку многу размислуваше надвор од кутијата, што дури ги исплаши и членовите на комисијата. Тој го изведе Маори хака танцот и тоа беше причината поради која беше избран. (Можете да го погледнете видеото овде)

5. Обожава да ги опсипува пријателите и роднините со внимание

Не само за сопругата и децата, туку Џејсон е полн со љубов и кон неговите другари, колеги и буквално секој што ќе го запознае. Всушност, тој е навистина близок со неговата внука (ќерката на неговата сопруга Лиса и Лени Кравитц) Зои Кравитц, и никогаш не пропушта шанса да ја искаже татковската љубов кон истата.

6. Тој поседува многу таленти

Го знаеме 41-годишниот Момоа како актер и продуцент, но тој е исто така и писател и режисер, а знае и да свири на гитара. Исто така ужива во планинарење, планински велосипедизам, сноубординг, скејтбординг и хокеј на ролери.

7. Има одлична смисла за хумор

Можеби изгледа сериозен во неговите улоги, но Џејсон обожава да се шегува и да ги насмејува луѓето во неговиот живот. Кога е на снимање, сака да се шегува со неговите колеги.

8. Навистина ги почитува жените

Џејсон го одгледала силна самохрана мајка и затоа тој од секогаш ги сакал и почитувал жените. Еднаш изјавил: „Мојата жена е моја кралица. Гледај ја својата жена како божица. Внимавај на неа. Држи ја исправено.” И по тоа како ги третира жените во својот живот се гледа дека и навистина го мисли тоа.

Дали Џејсон се вклопува во вашите стандарди за идеален маж? Дали е тоа што го барате во еден партнер?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Правилото од 2 часа е тајната која Ајнштајн ја користел и еве како може да започнете да ја практикувате уште денес

30 Нови фризури од стилот „Зошто луѓето ме одбегнуваат“