Се присилуваат да прават работи кои не сакаат да ги прават и често не ги слушаат своите желби, туку оние на другите луѓе.

За да бидеме среќни мора да се сакаме себеси и да си угодуваме.
Но, некои луѓе со своите навики несвесно се потценуваат.
Навики на луѓето кои не се сакаат себеси доволно:
Иако немаат проблем со финансиите, купуваат евтина козметика затоа што сметаат дека и таа ќе заврши работа и не се негуваат доволно.

Носат убава долна облека само за специјални пригоди.

Го кријат лицето под тон шминка.

Се присилуваат да прават работи кои не сакаат да ги прават и често не ги слушаат своите желби туку оние на другите луѓе.

Не му придаваат значење на изгледот, не се трудат околу тоа и го кријат телото во вреќеста облека.

Не само што се константно самокритични, туку и пред другите се напаѓаат самите себе.

Се плашат да се истакнат во толпата.

Носат чевли кои не им се комфорни, се дружат со луѓе што не им се допаѓаат и прават работи само затоа што се општествено прифатливи.
