во ,

7-тонски масивни топки од 19 век сѐ уште ја кријат мистеријата за што точно служеле

Кога би виделе вакви огромни топки од бетон и железо, што би помислиле, за што служат? Доколку сте збунети, не сте сами, овие топки збунија голем број на луѓе и која била нивната точна намена. Додека историјата често нуди точни и прецизни информации, во овој случај за жал не е така.

САД изобилува со богата историја за рударството и има голем број на музеи посветени за оваа дејност. Низ 19-тиот век имало „златна треска“ низ САД и сите се труделе да пронајдат начини како да дојдат до злато. Затоа и има толку голем број на рудници за злато.

Така, во 1998 година, Паркот Монро и Музејот на кампот за рударство на злато ги отворија своите врати во Голдвејн, Вирџинија за да ја покажат импресивната историја на рударството на злато во државата. Самиот парк не е рударско место, но над 18 напуштени рудници можат да се најдат во околината.

Еден од неговите експонати го привлече вниманието на интернетот. Поточно, ова се гигантски шупливи сфери кои се изградени од армиран бетон залепен на рамка од железна мрежа. Тие се со висина од 2 метри и со обем од 6 метри. Секоја топка тежи околу 7 тони.

Сега, за што се користеле е малку мистерија. Бидејќи биле пронајдени и извлечени од напуштен рудник, се верува дека секако биле некаков вид руднички средства. Се шпекулира дека тие биле користени како дробилки за кршење на златото од карпата.

Тој би функционирал слично како мелница при што карпата би била прицврстена на оска и би се вртела околу централната точка. Рударите најверојатно користеле моќ на коњ или пареа за ова бидејќи камењата се едноставно премногу тешки за човечката сила.

Сепак, ова се само шпекулации бидејќи историчарите сè уште не сфатиле дали рудата била смачкана под тежината на камењата или ставана во шупливиот простор внатре и превртувана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Баба ѝ го исплела џемперот од соништата на внука си, кој таа го нацртала за домашна задача

7 фантастични ѕверови кои постоеле или постојат во реалниот живот