во

7 Куси шеговити приказни што ќе ви го разубават денот

„Вчера испаднав херој“, се фалел еден маж во кафеана. „Во една пригода девојка ми ми рече дека ќе умре од среќа ако ѝ купам подарок… Па, вчера ѝ беше роденден и ништо не ѝ купив. Ѝ го спасив животот“.

Доза хумор никогаш не штети.

Шеги што ќе ве насмеат слатко:

Плачел Јосиф на улица како да е крај на светот и еден човек застанал и го прашал:

„Зошто плачеш?“

Јосиф му одговорил: „Па, како да не плачам, кога си ја изгубив паричката.“

„Ајде не плачи, еве ти една паричка“, му кажал добродушниот човек.

Јосиф ја земал и пак почнал да плаче, а човекот го прашал што е сега проблемот кога си ја добил паричката назад.

„Офф, па како да не плачам. Да не ја изгубев мојата паричка сега ќе имав две.“

Откако добил отказ по само една седмица работа, работникот се обратил кај поранешниот шеф да му даде препорака.

Не сакајќи да го навреди, но и да не даде лажна препорака, тој напишал: „Работеше кај нас една седмица и сега сме задоволни.“

Една богата вдовица си фатила млад дечко, но по еден погрешен деловен потег ги изгубила сите пари, па го прашала: „Мил мој, дали ќе ме сакаш и покај фактот што не сум повеќе богата?“

„Се разбира драга, секогаш ќе те сакам, иако најверојатно нема да ме видиш повторно“, ѝ одговорил тој.

Работодавачот го прашува својот нов работник: „Зошто ми кажа дека имаш 5 години работно искуство, кога сега дознав дека никогаш не си работел никаде?“

„Па, во огласот кажавте дека барате креативен работник со бујна фантазија.“

Продавач на еликсир за младост, одел наоколу, го фалел својот производ и на група луѓе им кажал дека има 300 години.

Еден човек од групата го прашал неговиот асистент: „Навистина ли е толку стар?“

Асистентот му одговорил: „Навистина не знам, јас работам со него само 180 години.“

„Вчера испаднав херој“, се фалел еден маж во кафеана.

„Што се случи?“, го прашал пријателот.

„Во една пригода девојка ми ми рече дека ќе умре од среќа ако ѝ купам подарок… Па, вчера ѝ беше роденден и ништо не ѝ купив. Ѝ го спасив животот“.

Васко и Столе учеле заедно. Васко бил мал, слаб и интелигентен, а Столе развиен, висок и не многу интелигентен.

Години откако завршиле на училиште се сретнале двајцата како адвокати на суд.

Столе му рекол на Васко:

„Колку мал си останал, можам да те ставам во џеб“.

Васко му одговорил: „Верувам, но тогаш во џебот би имал повеќе мозок, отколку во главата.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 Родители на кои им е потребен одмор повеќе од било кој друг

16 Фотографии кои докажуваат дека луѓето во Кина немаат поим што носат