во ,

6 Женски „маани“ кои е крајно време да ги прифатиме како нормални и да се засакаме

Во време кога пластичните операции се секојдневие, девојките се ставаат под нож уште во тинејџерските години и кога буквално половина од девојките се копии една на друга, сметаме дека е вистинско време отворено да зборуваме за женските „маани.“

На своја одговорност, во ред е да сакате да направите козметички процедури ако добро сте размислиле и сте се одлучиле од правилни причини.

Но, во секој друг случај кога не се сакате – не, не сте само вие со нечиста кожа, тенки усни и стрии на задникот.

Не сте сами и токму затоа треба сите заедно да ги нормализираме следниве несовршености:

Темни кругови околу очите и нечиста кожа со ситни акни – Може да бидат последица од гени, преку слаба циркулација на крвта и анемија, па до разни алергии.

Тежина и стрии на критичните места – Додека се храните и живеете здраво, бројката на вагата не треба да ве загрижува. Исто така и стриите кои ја раскажуваат приказната на вашето тело.

Коса – Црна или црвена, светла или темна, права или виткана, косата е дел од вашиот идентитет, престанете да посакувате постојано нешто што го немате. Сакајте се.

Влакненца на несакани места – Секој човек, без разлика на полот, има влакненца. Па, зошто жените би требало да го премолчуваат истото? Во ред е да се грижите за изгледот и да водите сметка за редовно депилирање, но ако некогаш имате некое влакненце вишок на некое место – ништо страшно.

Обликот на прстите – Со оглед на тоа што го немаме „луксузот“ да одбереме како ќе изгледаат, зошто воопшто би се оптоваувале со нивниот изглед? Не може да го промениме, подобро да го прифатиме.

Влакненца на лицето – Ништо од што треба да се срамите ако некогаш на некои места имате некое пропуштено влакненце или имате малку повеќе влакненца од другите.

Асиметрични делови од телото – Асиметријата е дел од природата. Ништо не е подеднакво исто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Работи што треба да престанеме да им ги кажуваме на мажите, низ илустрации

10 Факти од кои ќе сфатите колку сурово брзо поминува времето