во , ,

5 Чудни фобии од кои најчесто страдаат мажите

Магазинот Men’S Health направил листа на неколку чудни фобии што ги погодуваат најчесто мажите. Според истражувањата направени со нивните читатели и консултација со лекари, објавена е листа на некои чудни фобии.

Зошто овие стравови се јавуваат и како најчесто може да се препознаат?

Паруреза (Страв од уринириање во јавен тоалет)

Парурезата или синдромот на срамежлив мочен меур значи дека мажите најчесто имаат проблем кога треба да уринираат во јавни тоалети.

За лицата што имаат ваква фобија речиси е невозможно да одат во тоалет кога таму се присутни и други луѓе.

Сибофобија и хлорофобија (страв од зелена храна)

Сибофобијата се означува како фобија, односно страв од консумирање одредена храна, но целосно се разликува од пореметувањата на исхраната како анорексија или булимија.

Честопати сибофобијата е поврзана со изгледот на храната, па така честопати мажите страдаат и од т.н. хлорофобија, односно страв од зелена храна.

Оваа фобија се јавува кај мажите што како деца со сила биле терани да јадат зелен зеленчук како брокула или грашок.

Тука исто така спаѓа и лаканофобијата, или стравот од зеленчук што најчесто се јавува кај мажите што уште од најрана возраст биле хранети со брза-храна и слатки, а кои не добивале зеленчук.

Еметофобија (страв од повраќање)

Луѓето што имаат страв од повраќање се многу внимателни да не им се случи ваква непријатна ситуација што честопати избегнуваат да јадат надвор, да пијат алкохол и стравуваат да бидат сами со деца, затоа што не би можеле да се справат со дете што повраќа.

Најчесто овие луѓе во детството имале некое негативно искуство поврзано со повраќање, заради што се придржуваат до строга диета и редовно проверуваат храната да не е со поминат рок.

Синдром на измамник (Страв од недоволна вредност)

Овој синдром особено ги погодува мажите што се наоѓаат на раководни функции и кои постојано стравуваат од тоа дека не се доволно добри или дека не поседуваат доволно знаење и вештини за тоа што го работат.

Постојат неколку типови на мажи со овој синдром и сите тие имаат свои обележја:

  • оние што заради својот перфекционизам чувствуваат дека никогаш не се доволно добри;
  • оние што сметаат дека треба да работат многу понапорно за да ги стигнат колегите;
  • оние што се срамат од тоа затоа што им треба долго време да усовршат некоја вештина;
  • оние што одбиваат нечија помош со цел да докажат дека сѐ можат сами и
  • оние што сметаат дека ако не поседуваат експертски познавања од одредена област тогаш може да се соочат со неуспех.

Ануптафобија

Иако можеби ви звучи чудно, но постојат мажи што стравуваат од тоа да бидат сингл.

Можеби е предизвикано од очекувањето на блиските што постојано нагласуваат дека очекуваат конечно лицето да стапи во брак или од други причини, но кај овие лица стравот е мошне силен и нема образложение за него.

Иако најголем дел од луѓето се соочуваат со непријатно чувство или неизвесност по завршувањето на врските, кај овие лица постои огромен страв и анксиозност предизвикана од помислата дека никогаш нема да стапат во брак и дека ќе останат сами.

Спротивно на нив, постојат лица што страдаат од Гамофобија или страв од брак.

Кулрофобија

Пред да поканите кловн на вашата забава, бидете сигурни дека меѓу поканетите нема луѓе што страдаат од оваа фобија.

Можеби како мали го гледале филмот направен според книгата на Стивен Кинг It, или самата нивна појава им е морбидна, но постојат мажи (и жени) на кои кловновите воопшто не им се забавни.

Најчесто кај овие луѓе, сите појави што делумно наликуваат на луѓе, но немаат природни човечки движења, предизвикуваат чувство на нелагодност и одбивност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најубавиот подарок: По 10 години борба со неплодноста, маж дознава дека ќе стане татко

9 Разлики помеѓу мажите и жените и зошто воопшто постојат