во ,

22 работи кои неизбежно му се случуваат секому по 30-тата година

Во 20-тите сакавте да бидете тренди и секси по секоја цена, а сега сакате да ви биде комфорно и да бидете стоплени.

Може да негирате, да сте бесни, па дури и да имате моменти на депресија, но по одредена возраст животот почнува полека да се менува.

Тоа не само што е природно, туку е и забавно, особено ако сфатите дека не сте единствените кои минуваат низ процесот.

Промени кои неизбежно му се случуваат секому по 30-тата година:

1. Во вашата чанта имате посебно место за апчиња, а заминувањето на пат без нив ви е незамисливо.

2. Ставате одредена мелодија за ѕвонење на телефонот, но на моменти заборавате која е затоа што постојано ви е на вибрации за да не ја вознемирувате околината.

3. Имате тон клучеви на приврзокот.

4. Во контактите на телефонот ги имате сите омилени доктори.

5. Имате фиока во која чувате разни глупости кои не знаете од каде дошле од кабли, полначи, копчиња до тефтери.

6. Конечно имате храброст во автобус да ги предупредите некултурните луѓе да си го средат однесувањето.

7. Наоѓате 4 различни чорапи и си правите пар по желба.

8. Откривте дека сте анксиозни на моменти и сериозно размислувате некогаш да појдете на психолог.

9. Претходно им се смеевте на соседите кои викаат полиција при врева во зградата, сега вие сте тие соседи и не ви е смешно.

10. Конечно се помиривте со фактот дека мора да носите леќи или диоптерски очила и почнавте да го правите тоа.

11. Имате дебели ракавици, шал и капа затоа што поважно е да не настинете, отколку да бидете тренди или секси.

12. Си имате колекција на омилени рецепти и со задоволство си купувате „алатки“ за во кујната.

13. Барем во еден миг низа главата ви минала мислата дека модерната младина е глупава.

14. Продуктите со зборови како „ортопедски“, „еко-пријателски“ и „витамини“ веднаш ви предизвикуваат интерес и почит.

15. Немате веќе слободно место на фрижидерот поради големата колекција на магнети од патувањата.

16. Имате работи кои не ги користите, ги спакувавте пред 5 години и уште немате храброст да ги фрлите.

17. Растенијата во вашиот дом престанаа да ви се сушат и конечно ги разбравте нивните потреби.

18. Пронајдовте совршен начин за минување на попладнето и вечерта – лежење дома во кревет.

19. Во нервоза го фрлате мобилниот телефон само на меки површини.

20. Знаете да се шминкате многу подобро од порано, но ставате шминка на лицето многу поретко од порано.

21. Вашата желба за бркање на акции и купување на попуст расте правопропорционално со годините.

22. Постојано имате аларми за да не заборавите нешто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Зошто на жените им е постојано ладно и почесто „мрзнат“?

Што ќе се добие ако ликовите од поп-културата се групираат по бои?