во

16 Неверојатни Факти за Денис Родман: Мадона му нудела 20 милиони долари за да ја забремени

Вели дека ако ја прифател понудата на Мадона да биде татко на нејзиното бебе, тоа ќе било пекол. Имаше церемонија во која се ожени сам за себе, а привлекува внимание и со пријателството со лидерот на Северна Кореја – Каде е денес НБА легендата Денис Родман?

Познат по разнобојните фризури, огромната популарност како НБА ѕвезда и големиот број скандали, Денис Родман (61) е еден од највпечатливите спортисти во светот.

Деновиве е многу повеќе актуелен заради неговите учества во реални шоуа, но јасно е дека кошаркарот висок 2 метри сѐ уште има голем број обожаватели.

Денис Родман се појавува во новото реално шоу насловено The Surreal Life на VH-1, a актерот Френки Муниз кој игра заедно со него, деновиве јавно се жалеше дека за време на снимањето постојано морал да го гледа половиот орган на кошаркарот.

„За жал, јас сум на иста височина со половиот орган на Денис Родман. Навистина мислам дека видов повеќе од што требаше“ – вели актерот познат по улогата во серијата „Малколм“.

Со децении наназад Денис беше актуелен заради ексцентричниот стил на облекување, големиот број апсења, престојот на рехабилитација, како и врските со Кармен Електра и Мадона, но и неочекуваното пријателство со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, како и со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во продолжение неколку интересни факти за кошаркарот што можеби не сте ги знаеле:

Денис е роден во 1961-ва година во Њу Џерси. Неговиот татко Филандер, бил воен пилот, кој одлучил да го напушти семејството кога кошаркарот имал само 3 години. Денис има уште две помали сестри, а вели дека растењето во доминантна женска средина било пресудно за неговиот ексцентричен моден стил со вештачки нокти и фарбана коса.

Како мал Денис воопшто не бил заинтересеран за спортот. Самиот вели дека бил мошне слаб и ситен, а заради тоа често бил мета на врсничко насилство од соучениците што биле многу покрупни и поразвиени од него.

По завршувањето на средното образование почнал да работи како хигиеничар, но и тука наишол на проблеми кога со метла скршил излог во луксузна продавница и украл 15 часовници. Истата вечер Денис бил уапсен, а бил ослободен следниот ден затоа што кажал каде ги скрил часовниците.

По ова мајка му му дала ултиматум: или ќе оди на колеџ, во војска или ќе најде друга работа. Тој се обидел да ја игнорира, по што таа му ги спакувала куферите и го избркала од дома, а тој неколку недели живеел како бездомник.

Откако бил избркан од дома Денис се запишал на државен колеџ каде поминал една година, но заради наглиот раст, при што во една година пораснал неверојатни 30 сантиметри, тој добил стипендија за кошарка и се префрлил на Southeastern Oklahoma State University, од каде започнува неговата блескава кошаркарска кариера.

Во 80-тите и во 90-тите години Денис привлекуваше внимание како со феноменалната игра на кошаркарскиот терен, така и со големиот број скандали. Во 1992-ра година се ожени со Ени Бејкс со која беше во врска од 1987-ма година и заедно ја добија ќерката Алексис Кејтлин. Се разведоа само 82 дена подоцна откако таа го обвини за неверства.

Во 1994-та година Денис беше во врска со Мадона, а во една прилика отворено говореше за тоа дека Мадона му понудила 20 милиони долари за да ја забремени. Според него, тој не сакал да живее во пекол и постојано да биде во сенка на поп-кралицата.

Во 1998-мата година кошаркарот стапи во брак со тогаш популарната актерка Кармен Електра во Лас Вегас. Девет дена по церемонијата тој бараше да му биде поништен бракот и тврдеше дека не бил при себе кога стапиле во брак.

Парот сепак одлучил да остане заедно, сѐ до април 1999-та година кога Кармен поднела документи за развод, а во една прилика таа рече дека врската со Денис била „очекувана несакана последица“ на нејзината професија.

Во 1999-та година Денис ја запозна Мишел Мојер со која го доби синот Денис Џуниор (21) и ќерката Тринити (20). Денис и Мишел стапија во брак во 2003-та година на неговиот 43-ти роденден, а таа поднесе документи за развод една година подоцна во 2004-та.

Парот неколку години се обидуваше да ги подобри односите, но во 2012-та година Мишел побара од судот да ѝ одобри развод. Таа тврдеше дека Денис ѝ должи над 860.000 долари за алиментација.

Во овој период неговите адвокати тврдеа дека Денис е болен човек кој има проблеми со алкохолизмот и дека заради пороците не е во можност да работи и да заработува. По ова следуваа неколку обиди за рехабилитација од алкохол.

Родман во својата кариера успеал да заработи околу 27 милиони долари, но се покажа дека освен скапиот начин на живот, тој ги загубил парите така што им верувал на погрешни луѓе. Беше докажано дека тој бил жртва на Пеги Ен Фулфорд и нејзината лажна спортска агенција, која презела целосна контрола над неговите финансии.

Кошаркарот неколкупати имал проблеми со законот. Познато е дека спогодбено биле завршени повеќе судски парници во кои тој бил обвинет за сексуално насилство. Освен тоа, Денис бил на суд за возење под дејство на опојни супстанци, за домашно насилство…

Кошаркарот досега објавил две автобиографски книги, а интересни беа и двете промоции. За време на првата промоција носеше невестински фустан и се ожени сам за себе, а за време на втората лежеше во ковчег.

Во 2014-та година Денис привлече внимание заради пријателството со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун. Се тврди дека тој работи како мировен амбасадор на САД, заради што непречено може да патува во земјата. Од друга страна, пак, теоретичарите на заговор тврдат дека тој е поврзан со ЦИА.

Познато е дека Денис е во пријателски односи и со Доналд Трамп, а многумина беа изненадени кога тој се вклучи во претседателската кампања на Канје Вест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите: Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов

13 Луѓе чија мрзеливоста може да ја излуди и најсмирената личност на светот