во ,

Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите: Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов

Купил црква која ја реновирал и во неа планира да живее кога ќе се пензионира, има остров каде може слободно да оди на лов, поседува луксузни автомобили, авион и јахта, а на играчите од Шведска им ги има покриено трошоците за Светско првенство во Бразил – Како ги троши парите познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ?

Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите фудбалери во светот. Познат е по тоа што отворено говорел за сопствените скромни почетоци, за минатото во кое сам кажа дека морал да краде велосипеди за да преживее, а денес ужива во луксузен живот и во слава.

https://www.instagram.com/p/CZcDXwZJ8FA/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Велат дека е мошне арогантен, а тој за себеси вели дека е само самоуверен.

Дури и неговата долгогодишна партнерка Хелена Сегер која е 11 години повозрасна од него, призна дека на почетокот не сакала да почне врска со него заради неговата ароганција, но парот е заедно веќе 20 години, а заедно имаат два сина.

Се проценува дека до ноември годинава Златан има богатство од 190 милиони долари, што го заработил како од фудбалската кариера, така и од голем број приватни бизниси и вложувања.

На што ги троши фудбалерот своите пари?

Златан е познат по тоа што има богата колекција автомобили, а за својот 41-ви роденден годинава се почести себеси со два автомобили Ferrari, по цена од 3 милиони долари.

Освен овие автомобили, тој поседува Audi S8, Lamborghini Urus, Maserati GranTurismo и Porsche 918 Spyder. Доста далеку од детето што крадело велосипеди, нели?

Слично како Роналдо, Меси и Нејмар, и Ибрахимовиќ има свој приватен авион. Леталото има 12 седишта изработени од чиста кожа, а е идеален за летање на долги релации. Кога еден новинар го прашал дали си купил ново Ferrari, Златан одговорил:

„Апсолутно не. Си нарачав авион, многу е побрз.“

Златан сака да биде комотен на копно, во воздух, но и на вода, па затоа одлучи да одвои 9 милиони долари за да купи своја јахта. Јахтата има клуб, трпезарија и бар, а внатре има доволно место за да ги викне сите соиграчи и да ги прослават своите победи.

Во моментов Златан игра за ФК Милан и во Милано има сопствен дом, но во периодот кога играше за Манчестер Јунајтед во Англија, тој не сакал да купи куќа, па наместо тоа секој месец плаќал кирија од 38.000 долари за палатата во која живеел.

Во 2009-та година шведската репрезентација побарала од него да им потпише дрес со цел да го продадат на аукција за да обезбедат средства за учество на фудбалерите на Светското првенство во Бразил. Не само што го потпишал дресот, Златан во целост го платил патувањето на неговиот тим од сопствен џеб.

Во 2015-та година Златан купил црква во Стокхолм, Шведска. Тој платил 11 милиони долари за имотот што потоа го реновира и не крие дека сака да живее таму откако ќе се пензионира.

Ако познатите личности купуваат острови на Карибите, каде може да побегнат и да се сончаат, Златан одлучи да си купи остров во Шведска.

Островот Давенсо се наоѓа во средината на езерото Маларен во близина на Стокхолм. Нема многу информации за неговата цена, но се верува дека местото е мошне погодно за лов.

Во март 2018-та година кога потпишал за тимот на LA Galaxy во САД , тоа го најавил на свој начин. Ја откупил последната страна на Los Angeles Times на која пишувало: „Драг Лос Анџелес, нема на што“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Разочарувачки Фотографии: „Што сакав, а што добив“

16 Неверојатни Факти за Денис Родман: Мадона му нудела 20 милиони долари за да ја забремени