во ,

14 Стјуардеси откриваат „сочни“ детали и тајни од работното место

Како и секоја професија, и онаа на стјуардесите крие понекоја „сочна“ тајна која не ѝ е позната на голем дел од јавноста. А, неколку стјуардеси за BuzzFeed решиле да споделат токму вакви тајни.

Имајте на ум дека она што го кажуваат тие можеби важи само за нив или авиокомпанијата во којашто работат, а не за сите.

Дел од најзабавните тајни во продолжение:

„Работев во британска авиокомпанија. Тогаш беше сосема нормално ако некој почине за време на летот, да го оставиме на седиштето. Му стававме ќебиња за да изгледа како да спие. Сето ова за да не ги исплашиме другите патници“.

„Една пријателка работеше за популарна авиокомпанија и ми кажа дека секојпат кога слетувале во Саудиска Арабија, морале да ја заклучат целата храна. Го правеле ова бидејќи во минатото властите од Саудиска Арабија си влегувале во авионите и си земале буквално сè што ќе посакаат, а стјуардесите не можеле да направат ништо“.

„Имаме листа со имињата и бројот на седиште на сите патници. Кога ми е здодевно, ги пребарувам патниците на Гугл“.

„Во големите авиони има кревети над патничката кабина каде што ние стјуардесите можеме да спиеме на долги летови“.

„Кога стјуардесите ве поздравуваат додека влегувате во авионот, прават две работи – гледаат дали сте трезни и проверуваат дали сте силни/со мускули за во итен случај да можат да ви побараат помош (како кревање нешто тешко, отворање на вратата за итни случаи и слично)“.

„Ние стјуардесите постојано си зборуваме за време на летот, па ако некој е некултурен со еден од нас, сите знаеме кој е и каде седи“.

„СЕКОГАШ чистете ја масичката на седиштето. Ние никогаш не ги чистиме или дезинфицираме помеѓу летови. Исто така, хигиеничарките само набрзина поминуваат со правосмукалка, па не му дозволувајте на детето да се валка на земјата“.

„На патниците можеби не им се допаѓа храната во авионот, но сигурно е подобра од она што го добиваме ние стјуардесите – ништо. На интернационалните летови, пилотите добиваат храна, но во мојата авиокомпанија стјуардесите треба самите да си донесат храна или да гладуваат над 14 часа“.

„Стјуардесите знаат сè. Знаат кој пробува да пуши електронска цигара, знаат кој бил во тоалетот и знаат кој си ги соблекол панталоните за време на лет. Знаеме и колку пијачки сте испиле и имаме тактики за да не испиете премногу. И, за жал, многупати сме виделе луѓе кои пробувале да гледаат порно за време на летот“.

„Секојпат возрасните прават најмногу проблеми кога ќе им речеме да го стават безбедносниот појас. Многу се полоши од кое било дете“.

„Работам како стјуардеса веќе две години и неколкупати имам видено како некој уринира во тоалетот надвор од тоалетната школка. Па, навистина е одвратно кога ќе видам како некој влегува во тоалетот бос или само со чорапи“.

„Многумина сакаат да бидат стјуардеси мислејќи дека ќе го истражат светот. Но, во реалноста остануваме на едно место 10-14 часа, а ова е едвај доволно време да стигнеме до хотелот, да се истушираме, да јадеме нешто и да преспиеме. Некогаш имаме и повеќе време за шетање, но тоа не се случува постојано“.

„Јас сум пилот. Неретко работам по 14 часа без пауза за ручек, па некогаш кога е одложен летот, причината може да биде затоа што сум отишол да земам храна на брзина. По правило, имам пауза попладне, но тој период треба да се префрлам од еден авион на друг, на потполно друг терминал, па ја губам целата пауза и немам време“.

„За луѓето кои не носат чевли во тоалетот – течноста на подот дефинитивно не е вода“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 Забавни илустрации за незгодите за време на шопинг што ни се добро познати на сите

10 Бон-тон правила за однесување со други луѓе, кои само некултурните не ги знаат